Централните банки продаваат Американски обврзници
Објавено во: Анализа
13 Јули, 2013
Добивај вести на Viber
Сите очекуваат да почнат да растат каматите. САД се наоѓа во една нетипична ситиација, во која Бернанке се обидува да се најде, но во таа игра влоговите се многу големи. Веќе подолго време невработеноста е под осум проценти, а економијата успева да бележи солидни стапки на раст ( и покрај последното ревидирање на податоците за надоле).
Основната задача на ФЕДот е да се обиде на влијае на невработеноста и на општото ниво на цените. Сега за сега работата ја вршат одлично. Цените се стабилни, а невработеноста паѓа.
Но што кога ќе дојде до зголемување на каматите. Добрата работа е што за разлика од финансиката криза, зголемувањето на каматите сите го очекуваат и имаа доволно време да се подготват. Лошата работа е тоа што пазарот не сака да поверува дека до тоа ќе дојде. На секоја вест дека може да дојде до намалување на интервенциите на ФЕДот, цените на акциите веднаш паѓаат како по тобоган. Алчниот Вол Стрит делува како зависник од дрога и се заканува дека ќе прави неред доколку некој му го укине редовниот фикс во форма на свежи пари.
Сепак последните извештаи велат дека централните банки кои се купувачи на американскиот долг, последниот месец биле нето продавачи на истиот. Па така износот на обврзници кои го држат е намален за рекордни 32 милијарди долари. Ова ниво е најголемо од август 2007 година, кога банките продадоа обврзници вредни 24 милијарди долари.
Сепак бројката која ја имаат во свој посед е доста голема и изнесува скоро три трилиони долари. Најголем инвеститор е Кина, која има повеќе од еден трилион долари американски обврзници. Па така јасно е дека светот е глобализиран и дека на никој не му одговара САД да доживее масовни проблеми веднаш.
Во основа државата во минативе години имаше можност да се задолжува со многу ниски камати. На тој начин ја искористи оваа неприродна ситуација и во време кога требаше да интервенира, интервенираше позајмувајќи пари со ефтини камати. Така да целата ситуција и не беше така лоша за владата.
Главниот проблем сега е дали ова повлекување од долгот ќе предизвика посилно растење на камтите за новиот долг и како истиот ќе се одрази врз билансите на тамошните банки и на тековната ликвидност во економијата.
Редакција Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.