Добивај вести на Viber
Општина Чаир распиша конкурс за идејно решение за мозаици со кои ќе биде украсен плоштадот „Скендербег“. Мозаиците ќе бидат поставени на мостот што од плоштадот ќе води преку булеварот Гоце Делчев.
За најуспешните решенија се предвидени награди - 300.000 денари за прва, 100.000 денари за втора и 60.000 денари за трета награда. Последен рок за пријавување на конкурсот е 15-ти јануари.
Пешачкиот мост преку булеварот Гоце Делчев е дел од втората фаза за изградба на плоштадот „Скендербег“. Изведбата на оваа фаза ќе чини вкупно 10 милиони евра, а изведувач е фирмата „Бауер БГ“.