ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2025
Универзитетскиот професор по кривично право, Гордан Калајџиев, за МКД.мк, ја коментираше пресудата за екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Тој, временскиот период на развлекување на оваа афера со прислушувањето, го опишува како „толку долг, за јавноста дури и да ги заборави сите актери во неа“, но дека е лошо за државата, за правосудството и воопшто за правдата, што судските постапки за една таква капитална афера не завршија успешно.
„По десетина години развлекување на аферата за прислушување, која од видот на капитален предизвик за правниот систем, правдата и воопшто за државата Македонија, како јавност не добивме разјаснување од судот, некоја јасна претстава кој и зошто прислушувал.
Уште пред најмалку пет години констатирав дека судските постапки за аферата за прислушувањето нема да ги донесат очекуваните одговори за јавноста, зашто немаше развиено уверлива теза, кој и зошто прислушувал, а немаше ни многу уверливи докази. Не сум среќен што таа моја констатција од пред пет години се потврди со пресудите за овој преостанат предмет Тврдина, од целата афера со прислушувањето. Всушност, овој случај беше за одговорноста на тие што ја уништувале опремата за прислушување, а оној со кој требаше да се утврди одговорност за оние што давале налог за прислушувањето, уште претходно неславно пропадна. Сега сме во ситуација да констатираме дека аферата прислушување останува ‘црно петно’ за државата, безбедносните служби очигледно и понатаму остануваат ‘недопирливи’ за граѓанскиот надзор, а јавноста не може да има доверба дека и понатаму не се прислушува и дека не може да ни се повтори таква афера“ , вели професорот Гордан Калајџиев.
Можеби ќе ве интересира
АДВОКАТОТ ДРАГАН ПЕШЕВСКИ ОБВИНУВА: Иако лекари му препорачаа да се лекува дома, Горан Ангелов-Ќосето со три скршени ребра е вратен во затворот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Јованов се појави во јавност и изрази сочувство до Кулакови

ТРАМП ЌЕ ДЕПОРТИРА И ЛУЃЕ ОД БАЛКАНОТ: Додик не сака да прими тврдокорни исламисти

МАЈКАТА НА ЈОВАНОВ: Загубата е ненадоместлива и непрежалива, се зацрнија два дома

ФОРИН ОФИС: Британските граѓани да внимаваат при патувања во Македонија

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Се запалила просторија во училиште

ТРАЈКОВСКИ ТРПЕЛ ЗАКАНИ ОД ЧЛЕНОВИ НА „ДЕСНА“: Му рекле дека ќе падне во бунар ако не внимава што зборува
АПЕЛАЦИЈА ЈА СМЕНИ КАЗНАТА: Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело

СЕ ЗАГЛАВИЛ ВО РАБОТНА МАШИНА: Работник од Бангладеш загина во кратовско
