16 Јануари, 2025
0.0546

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

Објавено во: Македонија, Агробизнис 16 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Македонија има сериозен проблем со високото загадување на воздухот, но проблем има и со сметот, со големиот број на диви депонии, од кои дел се лоцирани крај обработливо земјиште и сето тоа влијае и на квалитетот на храната. Отпадот ги загадува водите, почвата, а со тоа и храната се контаминира. Виновен за ваквата состојба е човечкиот фактор, а последици има по здравјето на населението. Загадениот воздух го попречува развојот на одредени култури и се смета дека ја намалува нутритивната вредност на некои видови храна. Секој загадувач на животната средина може да навлезе и во храната која се произведува.

„Загадувањето оди во подземните води, од депониите посебно и наводнувањето во тој случај е опасно. Нормално дека и хрaната е загадена преку загадениот воздух, но и преку некористењето на органски препарати. Исцедокот од депониите, дивите и нестандардните е опасен и треба да се исчистат тие депонии во најбрз рок. Едукацијата на граѓаните е неминовна. Немаме фабрики за рециклирање на смет. Немаме изградено навики кај луѓето за селектирање на отпадот. Децата треба од најмала возраст да се учат да селектираат.  Полесно им е на земјоделците кога ќе испрскаат еднаш со јак хемиски препарат, а кога ќе користат органски, можеби ќе треба да поминат двапати. Органското изгледа природно и мириса природно. Тоа го чувствуваме кога ќе купиме органски производ. По семките, по мирисот гледаме дека е природно. Земјата ако е загадена, токсините од коренот одат во производот. Тоа веќе се одразува на здравјето на луѓето. Закони ние имаме, ама законите не се спроведуваат во пракса“, вели Ана Симова од Грин орг од Кочани.

Објаснува дека како земја имаме потенцијал, но потребна е можеби една деценија или повеќе време и волја за да се вратиме во состојбата која сме ја имале порано, да произведуваме здрава храна. Со ова темпо, според неа,  ќе станеме неконкурентни во споредба со другите држави за производство на храна. Државата според неа, треба да стимулира органско производство. 

Филип Димкоски, агроном објаснува дека дишењето е физиолошки процес во кој се врши размена на гасовите меѓу живите органзими и животната средина. Дишењето на растенијата се одвива при секакви надворешни услови во кои е можен  живот. Бидејќи растенијата немаат способност за регулација на температурата, кај нив  е овозможено дишење на температури од +50°C до -50°C.

„Тешките метали  се хемиски елементи кои имаат висока густина и се токсични при ниски концентрации.  Тие и нивните соединенија  имаат штетно влијание врз растенијата кои истите можат да ги внесат преку почвата, преку водата но, и преку воздухот. Токму затоа, во органското производство особено се нагласува потребата за оддалеченост на производствените парцели од фреквентните патишта и улици, бидејќи превозните средства испуштаат голема количина  тешки метали кои растенијата ги внесуваат преку воздухот.  Резидуи односно остатоци од тие тешки метали, човекот ги внесува преку овошјето и зеленчукот.  Исто така, тешки метали содржат и издувните гасови од фабричките оџаци. Tреба да се спомне дека постојат и растенија кои имаат улога на прочистувачи на воздухот, но во таа категорија не се растенијата кои се одгледуваат како земјоделски култури за исхрана на човекот. Таквите, најчесто собни, украсни растенија имаат добар ефект за прочистување на воздухот во затворен простор, односно во куќите, и становите. Во услови на загаден воздух, се зголемува и ефектот на стаклена градина, кој влијае врз глобалното затоплување.  Загадувањето на воздухот, исто така е еден од клучните фактори за уништување на биодиверзитетот, затоа што ги нарушува основните структури и функционирањето на екосистемите. Штетните гасови од загадениот воздух, во вид на кисели дождови кои се штетни за растенијата, се враќаат назад во почвата односно на земјоделските површини“, објаснува Димкоски.

Додава дека сулфурот во воздухот може да ја зголеми киселоста во езерата и реките и така да влијае врз водениот свет, но и да ја загади околната вегетација. Озонот ги уништува лисјето, а честичките од издувните гасови се таложат на земјата, на посевите и на водотеците. Со масовната сеча на дрвјата се смалува можноста за природни начини на филтрација на воздухот.

„Растенијата имаат природна способност да се адаптираат на условите кои ги опкружуваат и се многу поадаптибилни во однос на човекот. Иако постојано се зборува за важноста на растенијата за дишењето на човекот, за дрвјата како бели дробови и слични, со масовното уништување на растителната вегетација, човекот многу повеќе ги уништува сопствените услови за опстанок, отколку животот на растенијата кои имаат изразено регенеративна моќ“, рече Димкоски.

Ако погледнеме истражувања кои се правени во странство, утврдено е дека доматите во Индија се контаминирани, а земјата како што е познато, има екстремно високо загадување на воздухот. Анализирани се 14 видови зеленчук, а во коријандерот имало најмал степен на контаминација.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД