13 Април, 2025
0.0840

Чаминска: На претприемачите им е потребен стабилен правен систем

Објавено во: Македонија, Интервјуа 07 Ноември, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

На претприемачите им е потребен стабилен правен систем и развој на бизнис климата за да може да се охрабрат и на пазарот да ги понудат своите иновации. Глобалната недела на претприемништво која ќе се одржи во Скопје ќе се обиде да даде насоки за потребите чекори во образованието, инклузивноста, пристапот до финансии и преку успешни светски и локални примери да биде поттик за претприемачите. Симона Чаминска која има богато домашни и меѓународно искуство во интервју за Фактор вели дека соработката во деловниот еко-систем е клучна за поголем раст и развој на економијата.

Фактор: Што е Глобалната недела на претприемништвото и како може да придонесе во зајакнување на деловниот еко-систем?

Чаминска: Глобалната Недела на Претприемништвото (ГНП) е еднонеделна иницијатива која паралелно се случува во 170 земји ширум светот и поврзува над 10.000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништвото, зајакнување на партнерствата и основање на нови релации за подобрување на условите за развој на претприемништвото во сите овие земји. Се работи за иницијатива на Глобалната Мрежа на претприемништвото (ГМП) која преку разни програми ширум светот го стимулира развојот и подобрувањето на условите за водење бизнис. Секоја година, ГНП се концентрира на различни глобални теми а во 2019 тоа се: образованието кое треба да се дизајнира со цел да поттикнува претприемачко учење од најрана возраст; сорабока на екосистемот особено од страната на локалните заедници; инклузивноста на сите категории на граѓани во водењето бизниси, како и креирањето политики од страна на лицата вработени во јавниот сектор кои треба да имаат темелни и конкретни познавања за потребата од екосистемот во кој живеат, со цел носење на соодветни заклучоци, кои потоа би се преточиле во соодветни политики.


Фактор: Што им е потребно на македонските претприемачи да ги реализираат своите идеи, како до поголем економски раст и повеќе иновации?

Чаминска: За претприемачите, генерално е потребно да постои високо ниво на правна сигурност, доверба во институциите, развиен екосистем, како и достапност на финансиски средства што може да се обезбеди преку грантови, субвенции, бизнис ангели, фондови на ризичен капитал и слично. Дополнително, потребни се и квалитетни и темелни владини програми кои би биле насочени кон обезбедување на поддршка на нови претпријатија, како и претпријатија во раст на централно, регионално и локално ниво. Економскиот раст и иновациите директно зависат од условите за започнување и водење бизнис, но и можноста за обезбедување поддршка за развој. Kонкретен пример каде постои голем потенцијал за развој на иновациите е соработката меѓу академските институции и приватниот сектор преку можноста за основање на спин-оф компании. Исто, може да се размисли и за формирање на асоцијации каде би се вклучиле и претставници на јавниот сектор, чија улога би предвидувала согледување на состојбите со законските решенија каде постои простор за измени во насока на подобрување за условите за развој на иновациите.

Еден таков успешен пример е домаќин-организацијата на Глобалната Недела на Претприемништвото Израел – Форумот за претприемништво на МИТ од Израел, што е асоцијација на претставници од академскиот, јавниот и приватниот сектор основана во 1994 година, која организира над 400 настани и активности годишно, со цел вмрежување на трите сектори и екосистемот, а во насока на обезбедување на ресурси кои ќе ја забрзаат и овозможат комерцијализацијата на технологиите.

Фактор: Колкав е потенцијалот на стартап сцената во Македонија, се прават многу настани, има менторски и акцелераторски програми, како и средства од државни и приватни фондови, може ли да очекуваме повеќе препознатливи стартап компании во наредните години?

Во последното истражување на Асоцијацијата Стартап Македонија за поврзувањето на македонскиот стартап екосистем од 2018 година реализирано во соработка со Startup Commons, Swiss EP и Проектот за развој на деловниот екосистем на УСАИД, произлегоа неколку корисни заклучоци. Имено, најголемиот дел од стартапите се наоѓаат во фазата продукт/маркет фит каде ризикот од неуспех е многу висок заради што е потребно итно наоѓање клиенти; повеќе од 80% од организациите нудат менторинг како бесплатна услуга, иако менторството не им е главен приоритет на стартапите и околу 66% од стартапите го сметаат финансирањето како главен предизвик, додека пак инвеститорите сметаат дека стартапите генерално не се подготвени за инвестирање.

Во однос на поддршката која ја обезбедуваат многу организации во екосистемот преку инкубациски, акцелерациски и менторски програми, често отсуствува критериумот за вид на стартапи на кои би се пружила поддршка со цел привлекување на поголем број стартапи, што често води до нетаргетирано пристапување кон финансирање, кое пак резултира со онемозвожување на конкретниот вид помош за конкретна компанија. Сепак, во текот на изминатата година, дел од организациите веќе работат на усогласување на понудата на услугите согласно потребите на стартапите, воедно се зголемува и пристапот до финансии, па оттука очекувањето дека повеќе препознатливи стартапи ќе произлезат на македонската сцена, е реално.

Фактор: Се гради ли мост меѓу образовниот систем, приватниот сектор и финансиските институции и што треба да се преземе?

Чаминска: Образовниот систем во Македонија треба да се реформира во насока на предвидување на платени пракси за време на студиите, поголема стимулација за истражувачка работа во рамки на универзитетските лаборатории и примена на дигитални алатки во секоја област на студии. Оттука, може да се размисли за систем преку кој студентите би можеле да остваруваат пракси во развиени компании во завршната година на студии, што подоцна би се евидентирало како ЕКТС кредити во замена за посета на семестрална настава. Позитивен пример кој го согледав за време на шест-месечната пракса во Дојче Банк во 2014 година, каде праксите се секојдневие на германските студенти поради тоа што се платени и значително го олеснуваат процесот за наоѓање работа по завршување на студиите, е популарната опција за „Werkstudent„ која предвидува работа до 20 часа неделно, социјално осигурување и предвидува надомест. Стимулирањето за спроведување на истражувачка работа во рамки на универзитетските лаборатории, како и во приватните компании за определен надомест, би претставувало мотивација за студентот и академскиот кадар за остварување на дополнителни работни ангажмани. Последно, со оглед на тоа што живееме во дигитален свет, примената на дигитални алатки во секоја област на студирање во обем кој е нужен и корисен и која може да поттикне многумина да размислуваат за мултифункционално вкрстување на ресурсите со цел решавање на покрупен општествен проблем кој има потреба од соодветно решение со економска, правна, социјална, информатичка и друга позадина.

Фактор: Како вие влеговте во приказната на Глобална недела на претприемништвото и што би им порачале пред се на младите кои се двоумат да заминат во странство или да се обидат да изградат кариера или бизнис тука?

Чаминска: Во Септември 2017 година остварив времен ангажман како проектен менаџер во Организацијата на млади претприемачи на Европската Унија со седиште во Брисел, која во тој момент покрај ангажманот со Еразмус проектите за претприемништво, имаше потреба и од ангажман во рамки на Асоцијацијата на млади претприемачи на Унгарија, домаќин-организација на ГНП во Република Унгарија. Во рамки на мојот тримесечен ангажман за овие две младински организации, го координирав меѓународниот дел за ГНП која покрај Будимпешта, паралелно се одржуваше и во уште 7 други градови, со севкупна посетеност од 1 милион лица. Гости на неделата беа Европскиот Комесар за млади, образование, култура и спорт, како и Потпретседателката на Глобалната Мрежа на Претприемништвото. По нашиот разговор и визија за натамошна имплементација на оваа иницијатива и во други земји во регионот на Централна и Источна Европа, по примерот на најуспешните земји како Унгарија, Полска и Чешка или пак Косово на Балканот, се роди идејата да ја продолжиме соработката со ГНП и во Македонија, која континуирано се одржувала и организирала до 2014 година. Во соработка со Асоцијацијата Стартап Македонија, лани исто така организиравме ГНП Скопје каде тема беа корпорациските иновации, а гости на настанот ни беа г. Ферух Гурташ, тогашниот Директор на иновации и партнерства на светската корпорација Интел за регионот МЕНА, Директорот за ЦИЕ на Фитбит г. Рарес Флореа, еден од најпознатите експерти на ИБМ за иновации г. Кеи Шимада од Јапонија, како и претставници на инвестициски фондови од Финска, Словенија и Македонија.

Во однос на младите кои се двоумат дали да заминат или да започнат свој бизнис во Македонија, сметам дека секој треба да донесе одлука ценејќи ги можностите за идниот професионален развој и деловното опкружување. Можностите кои постојат во странство може да ги поттикнат младите да размислуваат да се вратат во Македонија или на било кој начин да ги вложуваат своите ресурси, контакти и визија за подобрување на условите за општ развој. Тоа воедно, е и мојата идеја со Глобалната Недела на Претприемништвото која ја организираме со Асоцијацијата Стартап Македонија, без оглед што јас во моментот не живеам во Македонија. Заради тоа, сметам дека можноста за градење на кариера или основање на сопствен бизнис зависат директно од потенцијалот и визијата за развој на една личност, кои во услови на дигитализација и отворен пазар на труд, не познаваат географски граници.


Можеби ќе ве интересира

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

ИСТРАГАТА ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ДВА МЕСЕЦИ: Коцевски вели 13 години ниеден инспектор од општина Кочани, не спровел проверка на објектот каде била дискотеката

ИСТРАГАТА ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ДВА МЕСЕЦИ: Коцевски вели 13 години ниеден инспектор од општина Кочани, не спровел проверка на објектот каде била дискотеката

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ:Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ:Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!

НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ ОД СТЕПАНЦИ: Се бара веќе цела недела

НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ ОД СТЕПАНЦИ: Се бара веќе цела недела

АКТУЕЛНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ОПФАТЕН ВО ИСТРАГАТ ЗА „ПУЛС“: Коцевски и Тошковски со деталите

АКТУЕЛНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ОПФАТЕН ВО ИСТРАГАТ ЗА „ПУЛС“: Коцевски и Тошковски со деталите