ЧАО МИКОНОС: Новите ковид рестрикции го замреа островот, во Грција се поголем број заболени
Објавено во: Балкан 19 Јули, 2021 11:40
Од вчера нема музика и журки на славниот грчки остров Миконос, откако стапија на сила новите правила за ограничување на ширењето на КОВИД-19. Тоа ги натера туристите да ги откажат годишните одмори и ги оставија празни сопствениците на вилите, дуќаните и рестораните.
Туризмот е една петтина од грчката економија и на земјата и е очајно потребна силна сезона оваа година по падот на бројот на посетители и приходите во 2020 година
Миконос е една од најпопуларните дестинации, привлекувајќи повеќе од милион посетители секое лето, меѓу нив холивудски sвезди, модели и светски познати спортисти.
„Тие одлучуваат да ја уништат економијата на островот во најкритичното време од годината“, рече Ираклис Зисимопулос, шеф на здружението на сопственици на деловни субјекти, кој поседува два хотели, два ресторани и четири барови на островот.
„Се надеваме дека брзо ќе го сменат своето мислење“, рече Зисимопулос, додавајќи дека веќе имал околу 30-40 откажувања на хотелки аранжмани.
Властите соопштија дека биле принудени да воведат еднонеделен полициски час и забрана за музика во саботата по „загрижувачката“ локална епидемија.
Според правилата, музиката е забранета во ресторани, кафулиња и клубови и само на оние кои одат и од работа или во болница им е дозволено да се движат од 1 до 6 часот наутро.
Во раните утрински часови на неделата, баровите и клубовите беа затворени, а тесните калдрми и улици на островот каде обично има голем број млади луѓе - беа темни и празни.
„Џабе потрошив пари, време, а земав слободни денови од работа. Чао Миконос", рече Дина, посетител од Саудиска Арабија за Ројтерс.
„Нашиот одмор е уништен“, рече Камила Пирс, од Велика Британија.
Други изјавиле дека планираат да го поминат својот одмор на блиските острови.
„Дојдов да го славам мојот роденден и нема музика, така што нема и прослава", рече Хесус Марино, шпански турист. „Вратете ја музиката, ве молам, ве молам, ве молам, додава тој.
Но, инфекциите со коронавирус растат во Грција во последните неколку недели, принудувајќи ја владата да наложи вакцинација на здравствените работници и вработените во старечките домови. Само вакцинирани клиенти можат да јадат во затворени простории во ресторани и клубови.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





