Чавков подготвен да разобличува полициско-криминални врски
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2016
Воопшто не ме загрижуваат ни црни кампањи ни закани со кривични пријави, останувам силно фокусиран на одбраната на професионалните принципи во работењето на македонската полиција и жестоко ќе продолжиме да задаваме силни удари на полициско-криминалните врски кои невешто се затскриваат зад политиката вели директорот на БЈБ Митко Чавков во интервју за Република.
Чавков потенцира дека тие што го познаваат , знаат дека нема сила што може да го поколеба во напорите за разобличување на криминалните врски на криминалното подземје со припадници на полицијата и со политиката.
„Многу такви примери на оркестрирани тенденции сум имал во мојата професионална кариера, но тие што работеле со мене или тие што ме познаваат, знаат дека нема сила што може да ме поколеба во напорите за разобличување на криминалните врски на криминалното подземје со припадници на полицијата, но и врските на криминалното подземје со политиката“, тврди Чавков.