05 Декември, 2025
0.0686

Чебрен и Галиште ќе ги градат Руси?

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2013 12:36

Добивај вести на Viber

Влез во енергетскиот сектор во земјите од Западен Балкан најавуваат русите, а не се исклучува ни можноста руска компанија да се јави на тендерот за Чебрен и Галиште, вели  министерот за економија, Ваљон Сараќини. Според Министерството за економија и анализите што се прават за состојбата во електроенергетскиот сектор во земјата и во регионот, може да се заклучи дека Русија преку своите енергетски компании полека навлегува во енергетскиот сектор во регионот. Како што е познато, руска компанија е сопственик и на ТЕ-ТО Скопје („Синтезис Груп”), која е независен производител на електрична и топлинска енергија, а од 1 јануари годинваа компанијата „Балкан Енерџи Груп”, која исто така е поврзана со „Синтезис Груп” е носител на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлина во Скопје. На 8 ноември 2012 година беше објавен Јавниот повик за изградба на хидроелектрани на Црна Река, т.е за ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште, а една од компаниите која откупи тендерска документација е и компанијата „Балкан Енерџи Груп”, според Сарачини не е исклучена можноста оваа компанија да достави понуда за изградба на овие две хидроелектрани. -Интерес генерално постои за сите овие фирми, барем поаѓајќи од интересот за добивање на податоци, како и директни посети од страна на заинтересирани инвеститори. Бидејќи рокот за претходно објавените јавни повици за продажба на акциите на Република Македонија во ОХИС АД Скопје и Еурокомпозит АД Прилеп беше продолжен, а заинтересираните можат да подигнат тендерска документација и да достават понуди до 16.04.2013 година, премногу е рано да се зборува дали и колку понуди би добиле до крајниот рок. Веќе е познато во јавноста дека за друштвото ОХИС официјално е заинтересирана компанијата Алкот Груп, со седиште во Швајцарија. За Еурокомпозит АД Прилеп, пак, досега интерес пројавија компании од Велика Британија, САД, Турција и Литванија“, изјави Сараќини.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип