20 Мај, 2024
0.0263

„Cheese land“ во Веро Центарот

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Oд 29 ноември до 15 декември Веро-центарот ќе биде ексклузивно место каде потрошувачите ќе може да уживаат во врвните вкусови на едни од најпрефинетите сирења и кашкавали од целиот свет. За сите обожаватели на сирења, кашкавали и останати млечни производи од таа палета, Веро-центарот организира „Cheese land“ (Земја на сирењето) каде потрошувачите ќе може да купуваат, да дегустираат, да тестираат и да го оценуваат она што ќе го пробаат како на своите омилени производители би им ги посочиле своите забелешки, вкусови, потреби и барања. Веро-центарот ќе им понуди подароци и изненадувања на потрошувачите, како и богата програма на активности што ќе им се допадне и на возрасните, но и на најмалите. На „Cheese land“-от во Веро-центарот потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во сирењата на Бимилк, Идеал шипка, Здравје Радово, Јого меркур, Хемипром, Рудине, Екошар, Mонтенегро, како и во вината на Стоби и на Тиквеш, но и во домашниот ајвар на Хина, вкусови што ги обединуваат најавтентичните ароми и доживувања на сетилата. „Среќни сме што можеме да им обезбедиме на нашите потрошувачи ваков раскошен фестивал на сирењето, креирајќи атмосфера за промоција и подигнување на свеста за уметноста на правење на сирење. Оваа година ќе имаме околу 11 излагачи, производители и дистрибутери на сирење. Потрошувачите ќе можат да вкусат некои од најдобрите светски сирења, да пазаруваат и да уживаат во храната и пијалакот што дополнително ќе го озбезбедиме, со многу забава и во живописен амбиент. Очекуваме многу посетители заедно со нас да го прослават прекрасниот свет на сирење. Се надевам дека сите ќе уживаме“ - изјави Г-дин Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро. Сирењето е древна храна, чии корени датираат уште во пишаната историја. Не постои убедлив доказ што покажува дека правењето на сирењето потекнува или во Европа, Централна Азија или на Блискиот Исток, но практиката почнала да се шири во Европа пред римското време. Зборот сирење доаѓа од латинскиот израз Caseus од кој е изведен современиот збор за сирење. Најстариот извор се наоѓа во коренот на прото-индо-европскиот збор Кwat, што значи „да ферментира, да стане кисело“. Сирењето е почитувано поради неговата преносливот, долг рок на траење, високо ниво на масти, протеини, калциум и фосфор. За да се стане експерт во областа на сирењето потребно е неформално образование и многу години дегустација и практично искуство во избор на сирење со одредени јадења, вкусови, вина и други пијалаци, купување, чување и зреење на сирењето... Денес постојат многу видови на сирење, околу 500 различни сорти признати од страна на Меѓународната Млечна Федерација. Сортите се групираат или класифицираат во типови според критериуми како што се должината на стареење, текстура, методи за правење, содржината на масти или на влага, животински млеко, земја или регион од каде што потекнува, итн. Повелете во Веро-центарот на раскош од вкусови на сирења, вина и ајвар и автентична атмосфера во „Земјата на сирењето“.

Можеби ќе ве интересира

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“