01 Јули, 2024
0.0251

ЧЕКАЈЌИ ЈА ГРАЃАНСКАТА, ДОЈДЕ УШТЕ ЕДНА ДРЖАВНА - задолжување преку обврзница за над 20 милиони евра

Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Граѓанската обврзница која граѓаните очекуваат да се распише во секој момент, сеуште ја нема, иако Министерството за финансии останува на ставот дека тоа ќе се случи во најбрз можен рок, но затоа се издадени нови три државни обврзници, на вкупна сума од нешто над 20 милиони евра.

Обврзниците се распишани пред неколку дена, а од денеска ќе почнат да котираат на Македонската берза за хартии од вредност.

Првата обврзница е државни обврзници  со девизна клаузула, со вредност на емисијата од 474,12 милиони денари или 7,7 милиони евра. Станува збор за 15 годишна обврзница, чија камата е 5,65 отсто. Вторите се државни обврзници без девизна клаузула, на сума од 2,9 милиони евра, а со камата од дури 5,9 проценти. Се работи исто така за 15 годишна обврзница. И третите се државни обврзници со девизна клаузула на износ од 9,6 милиони евра, со 15 годишен рок на доспевње и камата од 5,65 отсто.Покрај овие обврзници од 20 милиони евра, Берзата извести и дека се проширува котацијата на емисијата на државните обврзници која првично беше котирана на 16 мај во вредност од 681 милиони денари, или над 11 милиони евра.

Инаку, државните обврзници се инструмент преку кој државата се задолжува кај домашните кредитори, главно банките и институционалните инвеститори, односно фондовит, а граѓаните и досега можеа да вложуваат во нив, но не директно.

А, директно ќе можат да инвестираат во граѓанската обврзница, најавена за крајот на овој месец.

Фактор неодамна направи интервју со министерот за финансии, Фатмир Бесими, кој за нашата редакција откри повеќе детали за граѓанската обврзница.

Како што објасни министерот, до крајот на месецот, Министерството за финансии ќе го објави Проспектот со кој ќе извести за првата аукција на граѓански обврзници кај нас. Проспектот ќе биде достапен на веб-страницата на Министерството за финансии, а службата за односи со јавноста ќе информира и преку медиумите, веднаш штом проспектот биде издаден.

Постапката за купување, односно запишување, на граѓански обврзници ќе биде едноставна. Штом биде објавен проспектот граѓаните ќе можат да појдат во експозитурите на банките и преку нив да пополнат барање за учество на аукцијата и да извршат уплата на паричниот износ за кој сакаат да купат обврзници. Износот на една граѓанска обврзница ќе биде 10.000 денари. Барањето треба да биде доставено до банката најдоцна еден ден пред одржувањето на аукцијата.

По одржување на аукцијата, обврзницата ќе им биде издадена на имателите, односно ќе биде запишана на нивно име. Обврзниците имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе биде исплаќана договорената камата, додека на истек на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот кој граѓаните ќе го уплатат. Граѓанската обврзница ќе има рочност од две години. 

Со Проспектот ќе се објави и сумата која ќе биде запишана со граѓанските обврзници, како и каматната стапка. Каматната стапка ќе биде формулирана согласно тековните пазарни услови за државните хартии од вредност, но можам уште од сега да најавам дека ќе биде атрактивна за граѓаните да инвестираат во неа.

„Граѓаните своите расположиви средства можат да ги инвестираат во граѓанските обврзници и за тоа да добијат надомест - атрактивна камата, за која ќе информираме набргу преку издавањето на Проспектот за аукцијата. Граѓаните добиваат и сигурност, бидејќи државните обврзници секаде во светот се сметаат за безризична инвестиција (инструментот го издава државата), а воедно ги штитат своите средства од ефектите од инфлацијата“, изјави за Фактор Бесим.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ММФ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО САД: Проблеми и се закануваат на глобалната економија

ММФ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО САД: Проблеми и се закануваат на глобалната економија

СЕГА СЕ НАВИСТИНА „ГОЛЕМИ“: Амазон за прв пат ја надмина вредноста, им се придружи на „Мајкрософт“, Нвидиа“, „Алфабет“...

СЕГА СЕ НАВИСТИНА „ГОЛЕМИ“: Амазон за прв пат ја надмина вредноста, им се придружи на „Мајкрософт“, Нвидиа“, „Алфабет“...

ЗА БЕРБА НА ЦРЕШИ ВО ОХРИДСКО, ДНЕВНИЦА ОД 2.500 ДЕНАРИ: Еве ги деталите

ЗА БЕРБА НА ЦРЕШИ ВО ОХРИДСКО, ДНЕВНИЦА ОД 2.500 ДЕНАРИ: Еве ги деталите

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ФУДБАЛЕР ДА БИДАМ: Еве колу пари ќе земат репрезентациите на Европското првенство во фудбал

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ФУДБАЛЕР ДА БИДАМ: Еве колу пари ќе земат репрезентациите на Европското првенство во фудбал

ЛОШИ ВЕСТИ ПРЕД ОДМОРИТЕ: Авиобилетите ширум светот поскапуваат, еве ја пресметката на Луфтханза, со неа летаат и многу Македонци

ЛОШИ ВЕСТИ ПРЕД ОДМОРИТЕ: Авиобилетите ширум светот поскапуваат, еве ја пресметката на Луфтханза, со неа летаат и многу Македонци

ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДИГИТАЛНО ЕВРО? Европската банка ги објави деталите

ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДИГИТАЛНО ЕВРО? Европската банка ги објави деталите

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: дел од секторите редовно кубурат со кадар

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: дел од секторите редовно кубурат со кадар

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

КРАТКО АМА СЛАТКО: Мајкрософт повторно е највредната компанија во светот

КРАТКО АМА СЛАТКО: Мајкрософт повторно е највредната компанија во светот