19 Декември, 2025
0.0391

Чешка со рекордна вработеност во ЕУ, има недостиг од работна сила

Објавено во: Економија, Свет 06 Мај, 2016 13:19

Добивај вести на Viber

Во Чешка прв пат од осамостојувањето во 1993 година , работа и приходи имаат пет милиони луѓе во земјата со повеќе од 10 милиони жители.

Истовремено, невработеноста според методи на Евростат токму во Чешка е најмала во цела Европска Унија, објави Чешкиот завод за статистика.

Во март стапката на невработеност меѓу работно продуктивното население паднала на 4,1 одсто, меѓу мажите дури на 3,5 одсто, а вработени биле 5,004 милиони луѓе, што е веќе четврт месец по ред рекордна вработеност.

Уште кон крајот на минатата година вработеноста во Чешка се врати на ниво пред избивање на светската економска криза во 2008 година.

Стапката на невработеност во категорија од 15 до 64 години возраст достигна за целиот прв квартал 71 одсто, а мнозинството - 82 одсто го сочинуваат вработените додека останатото се претприемачи.

Чешката економија има се поголем проблем да најде работници да произведуваат и испорачуваат порачана стока, а Министерството за надворешни работи испрати појачување во конзулатите во Украина како би го поедноставило и забрзало процесот на одобрување визи за Украинците на кои најмногу сметаат чешките претпријатија да ја пополнат празнината од десетици илјади работни места.

Иако проблемот со работници за слободни работни места се заострува од месец во месец, чешките фирми и влада не сметаат дека би можеле да ги пополнат евентуално со бегалците или мигранти од Блискиот исток и Африка, туку дефицитни работници бара во Украина, Виетнам и Монголија.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд