05 Декември, 2025
0.0540

Чешкиот премиер бара средба со бугарските власти за проблемот со „ЧЕЗ“

Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2013 09:41

Добивај вести на Viber

Во врска со најавите дека на чешката енергетска компанија ,,ЧЕЗ" ќе и се одземе лиценцата за работа во Бугарија, реагираше чешкиот премиер Петр Нечас. Нечас изрази надеж дека Бугарија ќе ги почитува меѓународните обврски и закони за заштита на странските инвестиции. Изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов оти ,,ЧЕЗ" системски ги прекршувала правилата и заслужува да и биде одземена дозволата за работа, за Нечас е нестандардна. Чешкиот премиер за ситуацијата сака да разговара со раководството на ,,ЧЕЗ" и очекува од бугарските претставници да ги чуе причините кои довеле до таков неочекуван чекор. Чешкиот министер за индустрија и трговија Мартин Куба, проблемот ќе го отвори и во Европската комисија. Финансиската контрола во бугарската подружница на ,,ЧЕЗ" открила неправилности при јавните набавки и и била одредена казна од 7.620 евра. Раководството на ,,ЧЕЗ" тврди дека ги извршува сите обврски востановени од Регулаторното тело и смета дека со најавите за одземање на лиценцата ,,Бугарија како членка на ЕУ грубо ги прекршува правните норми". Проблематиката со цените ја смета за политизирана заради парламентарните избори кои се ближат во Бугарија. Токму јулските парламентарни избори според повеќето чешки аналитичари се главната причина за некомпромисните постапки на бугарската Влада. Десетици илјади Бугари со денови протестираат против високите сметки за струја, барајќи оставка на бугарската влада. На ,,ЧЕЗ" неодамна и беше одземена лиценцата и во Албанија и во арбитражен спор чешката компанија очекува да добие надоместок за загубата која се проценува на 200 милиони евра. Од 2005 година, ,,ЧЕЗ" инвестира во дистрибутивната енергетска мрежа во Романија, Полска, Турција, Словачка и Унгарија  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии