17 Декември, 2025
0.1253

Четири километри колона заради блокадата на македонско-бугарската патна врска кај Ќустендил

Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2014 12:34

Добивај вести на Viber

Жители на Ќустендил, незадоволни од изборниот систем во Бугарија, претпладнево ја започнаа блокада на автопатот што води од Бугарија кон Македонија, односно на делницата кон граничниот премин Деве баир. Колку ќе трае блокадата е неизвесно, а демонстрантите изјавиле декаќе останат на патот „додека не им се смират страстите“. Блокдата предизвикала колони на автопатот долги четири километри. Истовремено, околу 500 жители на општината Дупница го блокираа патот кој води и кон соседна Грција, од истите причини, но таа блокада траеше само 15-тина минути. Незадоволните граѓани протестираат затоа  што во нивната област пратенички мандат освоил Александар Методиев, познат како Бат Сали, од партијата на Турците во Бугарија – Движење за права и слободи, иако тој освоил само 864 гласа и тоа главно добиени од гласачите во дијаспората. Ќустендилската област има вкупно 62.000 гласа, а ДПС со малку повеќе од 1 процент од гласовите на избирачите ќе има пратеник од оваа област, што за граѓаните значи непочитување на еднаквоста на гласот. Жителите на Ќустендил најавуваат протести и пред Народното собрание во Софија, на денот кога новите бугарски пратеници ќе полагаат заклетва.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни