05 Декември, 2025
0.1081

Четири можни решенија за новата фасада на ГТЦ

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2013 12:42

Добивај вести на Viber

На последниот Меѓународен конкурс за промена на фасадата и надградба на Градскиот трговски центар во Скопје, пристигнале четири идејни решенија. Од раководството сеуште не откриваат што содржат трудовите, ниту пак кои се авторите. Единствено е познато дека три се македонски, а едно странско идејно решение. -Овој пат добивме четери труда со изработени решенија за фасдата и надградбата. Тендерската комисија оваа недела ќе има состанок и потоа ќе имаме појасна слика ,какви решенија се понудени и во кој архитектонски стил се истите. Конкурсот е анонимен и по отворањето ќе ги дознаеме авторите- вели директорот на ГТЦ, Аго Абазовски Условите во конкурсот кои се исти како и во претходниот, се идејното решение да понуди оргиналност и примена на современ архитектонски израз за обликување со високи естетски, функционални, конструктивни и технички вредности почитувајќи го значењето на објектот и неговиот идентитет, идеја за надградба, фасадно обликување и затворање на трговскиот центар. Стилските правци кои треба да ги одржи идејното решение отануваат исти, класицизам, барок и футуризам. И со овој конкурс се предвидени три парични награди. Прво наградениот ќе добие 180.000 денари, втората награда изнесува 150.000 денари и третата 50.000 денари. Освен фасадно обликување, идејното решение треба да понуди и проект за надградба на трговскиот со уште еден спрат, на кој би имало деловни простории, хотелско сместување, спа-центри, игротеки. Трговскиот е планирано да биде од затворен тип, по принципот на мол-систем, во комбинација со сарај-систем и да има отворени делови. Претходниот оглас беше поништен бидејќи тогаш на конкурсот пристигна само еден труд. Архитектонското решение беше поднесено од група архитекти, чие име остана непознато, па дури и сега не се открива дали и на последниот конкурс овие автори повторно се пријавиле. Жири комисијата составена од тројца професори, речиси цел месец вршеа ревизија на единственото понудено идејно решение, кое предвидуваше фасадата на ГТЦ да биде со футуристички елементи, односно во стаклена фасада. Јавниот конкурс за идејно решение за промена на фасадата на ГТЦ беше објавен во јуни годинава, кога се изгласаа и измените на Деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од општината Центар. Бидејќи сите измени што ги претпре овој план беа во насока на тоа фасадите на објектите да се вклопуваат во амбиентот, односно да бидат во согласност со проектот “Скопје 2014”, се претпоставуваше дека и овој објект ќе биде со неокласицистичка фасада, на што бурно реагираа архитектите, кои дури беа револтирани што воопшто ќе се менува ликот на ГТЦ. Раководството на ГТЦ неколку пати во јавноста излезе со различни ставови, прво дека се преферира трговскиот да биде со стаклена фасада, но последните коментари се дека објектот треба да се вклопи во околниот амбинет, поточно да биде во правец на новите барокни фасади на околните згради како Сити Галери, Стар Метропол и Пелистер. Дали ГТЦ ќе подлегне на барокниот амбиент или ќе му пркоси со футуристичкиот изглед, ќе се знае по одлуката на жири комисијата. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип