ЧЕТИРИМЕСЕЧНО БЕБЕ ИМА СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПOT И КРВАРЕЊЕ ВО МОЗОКОТ: Хрватските лекари се борат за неговиот живот
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2024
Четиримесечно бебе со тешка повреда на главата во средата
попладне е пренесено од Пула во болницата во Риека на понатамошно лекување.
Полицијата ги утврдува околностите на повредите и сите околности на настанот,
известија од Истарската полиција.
Според засега достапните информации, вчера околу 15 часот и 30 минути од Одделението за анестезија при пулската општа болница во полиција е пријавено дека добиле дете со тешки повреди на главата, односно со фрактура на черепот и крварење во мозокот.
Неофицијално, како што дознава Index.hr, e дека четиримесечното девојче било ставено во индуцирана кома и итно е пренесено во болницата во Риека, каде се наоѓа на одделението за интензивна нега.
Како што се дознава, за овој случај засега нема елементи на кривично дело бидејќи на телото на девојчето не се пронајдени траги на насилство, а нема ништо од претходно што укажува на насилничко однесување во семејството од Ровињ.
Полициските службеници продолжуваат со разговор со членовите на семејството за да се утврдат сите околности на настанот што довеле до тешката повреда на четиримесечното бебе.
Истрагата е во тек, a повеќе детали ќе следуваат наскоро...
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.