26 Јуни, 2024
0.0304

ЧЕТВОРИЦА ВОЕНИ ИНВАЛИДИ ОД ВОЈНАТА ВО 2001 СО КАМАТИ ВРАЌААТ ЗЕМЕНО ОБЕШТЕТУВАЊЕ - Стојанче Ангелов ревносен за да се исправи неправдата

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, ја продолжува битката за иницијативата за праведно обесштетување на четворицата ранети бранители од 2001-та година. 

Ангелов добил поддршка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за нивната Иницијатива за праведно обесштетување на четворица ранети, повредени и трауматизирани бранители од 2001 година, кои со камата го враќаат земениот паричен надоместок на нематеријална штета.

Како што информира Ангелов на денешната прес-конференција в понеделник повторно пред Владата ќе ја претстават нивната инцијатива и доколку таа „не помине на Влада”, најави поднесување на Предлог закон во Собранието.

„Во текот на оваа недела делегација на Достоинство оствари работна средба со Мицкоски кај кој наидовме на разбирање и недвосмислена директна поддршка за решавање на овој проблем. Свесни дека ова иницијатива повторно може да заглави во владините лавиринти и покрај неспорно позитивната волја на клучните фактори во Владата, ние најавивме и изработка на Предлог-закон за надминување на овој проблем. Законот е во завршна фаза. Од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски добивме уверување и гаранција дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на овој закон“, рече Ангелов

Тој нагласи дека вчера имал и телефонски разговор со премиерот Димитар Ковачевски, кој, како што рече, исто така дал неспорна поддршка за оваа иницијатива, која треба да ги помине владините процедури.

„Останува нашето барање за средба со премиерот Ковачевски во следниот период на која што ќе ја разгледаме оваа иницијатива и можност да помине во владина процедура. Но, доколку повторно не успееме да ја поминеме во владина процедура оваа иницијатива за четирите воени инвалиди коишто со законска камата ја враќаат назад на државата земената оштета, ќе ја предложиме во Собранието како Предлог-закон. Се поставува прашање дали да ја внесеме како граѓанска иницијатива со десет илјади потписи или со поддршка на одреден број пратеници“, посочи Ангелов.

Тој нагласи дека веќе имаат поддршка од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а како што рече од претходните разговори со пратеници од СДСМ има причини да верувам дека и тие ќе дадат поддршка на оваа иницијатива доколку влезе во Собранието.

„Ние сепак ќе разговараме со претседателот на СДСМ, но ги повикуваме и претседателите на сите помали партии коишто се дел од Собранието да направиме една заедничка средба на која што ќе ја образложиме оваа иницијатива и доколку не помине во владина да влезе во собраниска процедура. Ги повикуваме сите политички партии и од македонскиот, но и од албанскиот политички блок во македонското Собрание“, потенцира Ангелов.

Покрај оваа инцијатива, додаде тој, Достоинство изработи уште една иницијатива која што исто така беше пуштена во владина процедура, но не наиде на некој почетен успех, бидејќи во неа се работи за праведно обесштетување на 17 семејства на загинати бранители и на 30 воени инвалиди, коишто за жал до ден денес се уште се необесштетени.

Тој посочи дека со сума од 500 до 600 илјади евра државата, како што рече, конечно ќе може да ги затвори прашањата поврзани со воените инвалиди и семејствата на загинатите од 2001 година.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра