24 Ноември, 2024
0.0411

ЧЕТВРТИОТ БРАН НА КОВИД НАЕСЕН, НО НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА, А ЕВЕ ЗОШТО: Д-р Петличковски за Фактор

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

По се интензивното ширење на делта варијантата на корона вирусот низ европските земји и во светот, сојот извесно време е присиутен и во Македонија. Веќе имаме потврдени четири случаи, од кои последниот, за кој вчера информираше министерот за здравство, Венко Филипче, е хоспитализиран во болницата во Велес. Истовремено, има уште четири пациенти кои се лекуваат во Скопје, за кои се чекаа разултатите кои ќе утврдат дали станува збор за делта сојот, но она што здравствените власти посебно го потенцираа е дека ниту еден од овие случаи кои се заразени со индиската варијанта не е вакциниран.

-Ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран за Ковид 19. По направените анкети со пациентите утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани. Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој 8-9 дена откако појавил симптоми на Ковид 19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација. Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и возможно е да се утврди и кај нив присуство на индијски сој на вирусот. Министерството за здравство апелира до граѓаните за што помасовна вакцинација, како и придржување кон основните препораки за заштита од Ковид 19. Сите вакцини со кои располагаме се безбедни и ефикасни и се единствениот начин за заштита од Ковид 19, велат од Министерството за здравство.

Во разговор за Фактор, еден од најистакнатите експерти од областа на имунологијата, д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија, вели дека вакцината е основната алатка во борбата против корона вирусот. Потенцира дека во Македонија, веќе над 50 проценти има имунитет кој е изграден благодарение на досегашниот број вакцинирани граѓани, како и бројот на оние кои веќе ја прележаа болеста.  

-Ако имаме навистина голема опфатеност, било со вакцинација, било со прележување на болеста, односно по природен пат, ниту делта варијантата не може да направи сериозно и драматично сценарио и да ја ископлицира ситуацијата. Така што, и да има есенски бран со делта сојот, ако имаме покриеност од 50 или уште подобро е ако имаме и 70 отсто вакцинирани, тогаш сме навистина безбедни. Овие мерки за претпазливост се со цел да се минимизира ефектот на есенскиот бран. И она што е многу важно, не се работи за нов вирус, туку повторно станува збор за варијанта која што најголем дел од вакцините многу успешно ја сузбиваат. Ние во моментов со вакцинирани и со прележани, имамем окјолу 50 отсто може и повеќе, но за да имаме рееално добра состојба треба да имамем над 70, пожелно е и 80 проценти вакцинирани. Значи ни недостигаат оние 20-тина, можеби 30-тина проценити од попиулацијата, од сега па до есен да бидат вакцинирани, Тука треба да ни е фокусот и трендот на вакцинација треба да ни се засили, да се интензивира темпото, односно да се искористи летото за да се потковаме добро за наесен, вели д-р Петличковски.  

Во однос на ефикасноста на вакцините вели дека многу е важен податокот кој неодамна излезе во светската јавност дека во последниве шест месеци, 99,5 проценти од починатите невакцинирани луѓе

-Многу мал процент од заразените кои се вакцинирани може да завршат со смрт. Во вој контекст, да кажеме нешто и за кинеските вакцини. Тие стимулираат мнгу шаренолик имунитет кој опфаќа повеќе антигени отколку што опфаќаат останатите, Фајзер, Спутник Астразенека...кинеските вакцини поттикнуваат содавање на повеќе различни антитела и теоретски таа покрива повеќе различни соеви , не само делта варијантата, посочува д-р Петличковски.

Во однос на прашањето, дали ни претстои и четвртиот бран на вирусот, д-р Петличковски вели дека сите сериозни епоидемиолози предвидуваат наесен нешто, но тоа, како што нагласува во нашиот разговор, повтрно зависи како ќе се поставиме до есен со генералната имунизација.

-Ако имунизираме 60-70 отсто од населението, многу е тешко вирусот да направин масовно проширување. Можеби ќе се шири во одредени региони каде што има мала покриеност на имунизација, што значи може локално да вирее, но поголема опасност нема. Треба сериозно да се размисли и за вакцинација на децата, како што веќе се прави во светот. Дали ќе се почне од 15 години па нагоре, или од 12, но колективниот имунитет зависи и од оваа група. Во теков на летово и оваа категорија треба да се имунизира, за да пред септември веќе имаат стекнато имунитет.  И секако дека треба да седнаш во училишните клупи не само од аспек на образованието, туку и од социо-психолошки аспект, појаснува д-р Петличковски.

Анита Буховски 

ФОТО: Принтскрин-Youtube

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје