17 Мај, 2024
0.0320

Четврто издание на Skopje Body Mind and Spirit Festival

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Фестивалот за здравје и уметност на живеењето Skopje Body Mind and Spirit го доживува своето четврто издание. Овогодинешниот фестивал со својата целодневна програма ќе се одржи на 21-ви ноември 2015 година во City Hall со почеток од 12 часот, а ќе трае сè до 00.00 часот.

Следејќи ја веќе четиригодишната традиција, и оваа година основната идеја на Body Mind and Spirit е здравиот и правилен развој на луѓето, и тоа таргетиран од три аспекти: Тело, Ум и Дух, па така и овогодинешната едукативна програма ги обединува овие теми преку неколку внимателно одбрани предавања.

baner muzika

Во рамки на програмата М-р Билјана Пешева од организацијата Art of Living ќе сподели практични совети и техники за ослободување од секојдневниот стрес преку трансакциска анализа, додека пак Марина Анчевска, која е веќе докажан тренер, бизнис и лајфстај коуч, како и мотиватор и говорник, ќе одржи предавање насловено „Менаџирај се себеси“, преку кое ќе се обиде посетителите да ги извади од зоната на комфортот и ќе ги насочи кон постигнување на посакувана цел. Исто така, во рамки на едукативната програма предвидено е и интересно предавање на тема „Економските придобивки од садење домашен коноп за производство на хартија“ од Филип Достовски, основач и претседател на здружението „Зелена алтернатива“, а инструкторката по Таи Чи Чуан и Чи Кунг Данче Сиљановска ќе се обиде преку масовно вежбање на Таи Чи Чуан да ги доближи овие боречки вештини до присутната публика.

Новитет оваа година е и тоа што фестивалот Skopje Body Mind and Spirit за првпат нуди и музичка програма, која ќе започне од 20.00 часот, а ќе трае сè до затворање на фестивалските врати на полноќ.

Во рамки на музичката програма свој настап ќе имаат музичкиот и културолошки проект на македонскиот византиски хор Хармосини - ХАРМОСИНОПОЛИС, потоа Гоце Стевковски Секстет, еден од најреномираните перкусионисти од земјава со својот состав проверени џез музичари, како и познатиот македонски свинг-џез бенд Летечки Пекинезери.

Влезот за едукативната програма е бесплатен за сите посетители, додека пак за музичката програма ќе се наплаќа влезница од 100 ден. за сите музички концерти.

Повеќе информации на www.bms.mk и

https://www.facebook.com/events/1646236582309584/

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!