ЧЕВЛАРИТЕ БЕЗ РАБОТА: Старите нарачки привршуваат, за нови абер нема
Објавено во: Економија 07 Април, 2021 07:10
Сѐ помалку работа има за чевларите. Чевларските фирми од Куманово ги привршуваат нарачките за странските партнери, а дали ќе има нови засега не знаат.
Лидија Милановска од Здружението на чевлари вели дека засега само 20 до 30 отсто од чевларите работат, а другите компании или отпуштиле дел од работниците, или тоа ќе го сторат наскоро ако состојбата со пандемијата не се нормализира. Објаснува дека производите ги пласираат на италијанскиот, германскиот и дел на холандскиот пазар и затоа се чека повратен сигнал од овие земји, дали пандемијата ќе стивне.
„Нашата работа сега ќе зависи од вакцинацијата, овде и во Европа, затоа што ние работиме за тој пазар. Јас засега имам работа, но многу од фирмите немаат работа. Многу работници се пуштени дома. Ќе видиме како ќе тече вакцинацијата, да се нормализира сѐ, да се отворат продавниците“, вели Милановска.
Објаснува дека обувките кои се произведени за овдешниот пазар не се продадени, имаат залихи кои не можат да ги продадат. Многу луѓе работат од дома, учениците следат онлајн настава, и затоа и потребата за купување на чевли е помала.
„Оваа година многу малку вложувавме во домашното производство, малку инвестиравме, затоа што и она што го имаме не знаеме дали ќе се продаде. Сега граѓаните најмногу трошат за храна, а многу помалку на обувки“, рече Милановска.
Откако почна пандемијата, овој сектор во неколку наврати доживеа критични моменти, при што имаше бранови отпуштања. Дали 2021 година ќе биде подобра од лани не може да се предвиди.
Во Куманово чевларскиот сектор броеше околу 1.200 работници, а приближно толкав број имаше и во другите градови во земјава, но сега бројот е намален. Ништо подобар не е ниту текстилниот сектор. Над половина од штипските тектилни работници деновиве заминаа на колективен одмор. Станува збор за 3.500 работници вработени во околу 70 конфекции во градот. На ниво на државата доаѓаме до бројка од над 6.000 текстилци. Компаниите се одлучиле да ги испратат работниците на одмор, поради неизвесноста и недонесувањето на петтиот пакет на мерки, но и затворањето во Европа, со што нивните партнери засега не склучуваат нови нарачки.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





