06 Декември, 2025
0.0423

Чевлите кинески, кутиите италијански

Објавено во: Балкан 19 Мај, 2013 12:15

Добивај вести на Viber

Во Србија е се поголем бројот на мали продавници за обувки кои продаваат кинески чевли, а ги претставуваат како италјански, пишува Блиц. Таква пракса применуваат и домашните фирми кои производтсвото го праќаат во Кина, а за чевлите при продажбата велат дека се произведени во Србија. -Во една продавница во Чачак видов чевли кои делуваа квалитетно, па откако ја погледнав и кутијата на која пишува дека се италјански не се ни двоумев за да ги купам и дадов 100 евра. Дури откако во Белград ги видов истите чевли и нивната цена беше три илјади динари, сватив дека сум купила кинески, изјавила за Блиц Милица Бојовиќ од Чачак. Оваа пракса станува се почеста, бидејки ширум земјата постојат погони кои прават кутии со натпис на италјански фирми, а во кои се продаваат кинески чевли. -За детските чевли ова е многу опасно, бидејки за обувката да го задржи убавиот изглед во текот на транспортот се ставаат матерјали кои се штетни за здравјето на детето, вели за Блиц Бојана Стојановиќ директор на фабириката „Павле“. Таа објаснува дека производтвото во Кина се исплаќа многу поради евтината работна сила, но и поради крајно евтиниот матерјал. Од здружението на потрошувачи порачуваат дека Пазарната инспекција во соработка со Управата на царината таквата појава многу лесно можат да ја стопираат, само да постои волјата на надлежните. -Тука се работи за различен организиран шверц во кој учествуваат и државни службеници кои не го проверуваат секој пакет увезена стока, па на документите пишува дека се увезува детски играчки, а всушност се работи за чевли или некоја друга стока, вели Зоран Николиќ, претседател на нациналната организација потрошувачи на Србија. Од Пазрната инспекција за Блиц велат дека од почетокот на минатата година до крајот на март привремено се одземени 7.150 парчиња чевли, поради несигурност во потеклото.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии