Чифлиганец се мачи да го изгради најскапоплатениот дом за стари лица на Балканот?
Објавено во: Економија 03 Јули, 2020
Најавуваниот рок за пуштање во употреба на домот за живеење и нега на стари лица „Втора младост“, за кој сопственикот на инвеститорот „Адора инженеринг“ - Ванчо Чифлиганец, тврдеше дека ќе биде готов за четири години од почетокот на изградбата, веќе е пробиен, што дава индиции дека генералниот директор на градежната компанија можеби има проблеми со инвестициите во овој период.
„Втора младост“, кој се уште се гради на атрактивна локација во општина Илинден, е замислен како најубав и најдобар приватен старечки дом на Балканот, а основната фаза на изградба треба да чини 5 милиони евра. Според инвеститорот, тоа треба да биде најскапоплатениот и најдобриот дом за стари лица на Балканот.
Во 2016 на крајот на јуни на свечен начин беше поставен камен-темелник на Дом за стари лица, а го поставија градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и Чифлиганец како сопственик на градежната компанија „Адора инженеринг“. Рекреативниот комплекс се гради до главната сообраќајница во општина Илинден наспроти хотелот Белви крај Скопје на откупено државно градежно земјиште.
Жика Стојановски, градоначалникот на Илинден, вели дека градежните работи изминатиот период биле во застој поради корона-кризата и дека изградба на хумани институции како домови за стари лица, здравствени домови и градинки секогаш ќе имаат привилегија кај локалната самоуправа кога станува збор за комуналиците и обезбедување на локација за инвестирање.
- Господинот Чифлиганец и „Адора инженеринг“, според договорот, имаат рок на изградба од 10 години, што значи уште шест години. Добрата соработка продолжува и мое мислење е дека за брзо време објектот, односно инвестицијата ќе биде реализирана, ни изјави градоначалникот Стојановски.
Чифлиганец пред повеќе од една година изјави дека проектот „Втора младост“ е чист економски потфат без никакви привилегии од државата и дека не брза со изградбата поради тоа што се чека Илинден да го заврши својот дел од обврската. односно дека ќе гради паралелно со општината, затоа што таму секој ден ќе треба да има повеќе од 300 станари, вработени, посетители. На електронското наддавање, пред шест години, компанијата на Чифлиганец го купи градежното земјиште по цена од 232 денари за метар квадратен на наддавање за изградба на висококвалитетен комплекс, наменет за сместување и нега на стари лица, граѓани на Македонија и странски државјани, со услови за спортски и рекреативни активности, како и културно-забавни содржини. А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.