27 Јули, 2024
0.2484

ЧИСТАЧКИТЕ ГИ ПЛАЌАМЕ ДОПОЛНИТЕЛНО, СИЈАЛИЦИ САМИ МЕНУВАМЕ - граѓаните негодуваат: управителите наплаќаат скапо

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Наплаќаат висока сума за одржување влезови, но не испорачуваат услуга. Со вакви поплаки се јавија голем број граѓани до редакцијата на Фактор. Жители од главниот град негодуваат околу работата на компаниите лиценцирани за одржување станбени објекти.

Најголем дел од поплаките се за дополнителната наплата за секоја активност на управителот, па паршуваат зошто се наплаќаат основните средства. Неколку жители на Скопје велат дека за чистење на влезот во зградата дополнително се ангажира чистачка, за замена на сијалици исто така се наплатува, како и за одржување на лифтови и други заеднички сегменти.

- Кога започна да се применува овој тип на одржување на зградите договорот беше дека ќе плаќаме по 350 денари за одржување на зградата за компанија што вклучуваше и чисење на влезот. Ова е пред повеќе од пет години, но денес, плаќаме скоро секој месец по 800-900 денари, а во сметката е потенцирано дека чистачката се доплаќа, трошоците за одржување, за сметките за струја за влезот, за разни поправки, како што е лифт и слично... Зошто наплаќа компанијата одржување, кога ние дополнително плаќаме за чистачка, што они одржуваат. Стана неиздржливо да се плаќаат волку високи сметки за одржување влез, кога немаме ни домар, ниту е нешто особено чисто... – вели една револтирана жителка на наслебата Ново Лисиче.

Повозрасна жителка на центарот на градот вели дека поради високите трошоци кои компанијата им ги наплаќа се решиле се да поправаат сами, само да избегнат дополнителни трошоци.

- Сијалици менуваме сами, секој е задолжен за својот спрат, бидејќи уште одамна ни наплатуваа 100 денари за сијалица, плус за промената, за работна рака, што е премногу скапо, оти сијалиците во продавница се дваесетина денари. Сметката грубо се движи околу 750 денари, ако ништо големо не поправаме. Чистачката сами ја доплаќаме, за чистењето не би коментирала. Не разбираме зошто мора да има компанија за одржување, кога они ништо не одржуваат, пак многу работи сами правиме за да намалиме трошоци. Им смислија бизниси. Не знам какви трошоци имаат, ама со џипови се доставуваат сметките, што значи некој се полни пари на грбот на граѓаните – вели нашата соговорничка.

Слични забележи имаат и жителки на општина Аеродром, во потегот кај Скопјанка, но и жители на општина Кисела Вода.

- Зголемувањето на цените во маркетите беше пресилен удар за нас како семејство. Внимаваме на сите можни трошоци, гледам да готвам и перам само на евтина, да ги намалиме сметките за струја, а од друга страна, сметките за одржување на влезот никако не можат да се намалат – потенцира нашата сограѓанка.

Од она што е објавено на веб страната на Регулаторната комисија за домување, нивна надлежност е издавање и одземање лиценци за вршење на управувње, за што водат и посебен регистар на управители на станбени згради. На веб страната на ова регулаторно тело е посочено дека поради зголемен број на одземени лиценци објавуваат и посебен регистар на одеземени лицени.

Од Комисијата за Фактор посочуваат дека инспекции над примената на Законот за домување имаат инспктори за домување од локалните самоуправи.

-  Инспекцискиот надзор над примената на законот за домување и прописите донесени врз основа на истиот закон го вршат овластени инспектори за домување во општините и општините во градот Скопје во рамките на надлежната инспекциска служба. При  вршење на инспекцискиот надзор  овластените  инспектори  за  домување имаат право да вршат надзор над станбени, станбено-деловни и деловно-станбените згради дали управувањето со истите се врши согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Од тие причини во поглед на прашањата кои се поставени од страна на граѓаните да се обратат до општински инспектор за домување во својата општина со барање за вршење на вонреден инспекциски надзор наведувајќи конкретно што да биде предмет на надзор.

На сајт на комисијата е истакнато дека управителот ги извршува одлуките на сопствениците на посебните делови, се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови, ги застапува сопствениците на посебните делови во работите на управување и во име на одделни сопственици поднесува тужба за ослободување од обврската за плаќање, односно тужба за задолжување за плаќање на трошоците и издатоците на сопственикот на посебниот дел. Тие исто така се задолжени да ги застапуваат сопствениците на посебните делови пред управните органи во работите на издавање на дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижностите и други управни постапки во врска со станбената зграда и земјиштето, како и за други работи поврзани со управувањето. Управителот е должен редовно да се грижи за вршење на поправки од помал обем (замена на сијалици, приклучоци, мали молерски работи, замена на резервни делови и слично) на заедничките делови на станбената зграда. Трошоците за овие поправки ги поднесуваат сопствениците на посебните делови сразмерно на големината на нивните посебни делови.

Законодавецот предвидел доколку управителот не  ги  исполнува обврските од договорот сопствениците на најмалку една половина од посебните делови можат да го раскинат договорот со управителот.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август