„Читањето е супермоќ“ – литературно-музички хепенинг со „Пет плус фамилија“
Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2025 13:08
За среќен и успешен почеток на новата учебна година, на 13 септември (сабота), со почеток во 18 часот, во детскиот парк на „Скопје сити мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“.
Децата ќе пеат со „Пет плус фамилија“, ќе танцуваат со Dancers United, ќе цртаат со Калиопи Трпчева и ДРАШ, ќе читаат со „Арс Ламина“ и ќе се дружат со омилените ликови од книгите: Исидора Мун, Мирабела, Хари Потер, Хермиона и други.
Во рамките на оваа двочасовна дружба ќе бидат наградени и најдобрите учесници од креативниот предизвик „Мојот омилен лик од книгите“, кој беше распишан од 4 до 11 септември 2025 година.
Главната мисија на кампањата „Читањето е супермоќ“, која „Арс Ламина“ ја реализира веќе седма година по ред, е поттикнување на читачките навики кај најмладите.
Настанот е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со „Скопје сити мол“ и „Литература.мк“.
*ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





