„Чкембарите“ видоа од „Комитите“ и ќе одат на протест
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018
„Чкембарите“ преку својот ФБ профил повикаа на протести вечерва во 19. часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Повикот е надпартиски, а единствен интерес е Македонија – велат во објавата на ФБ.
Навивачите на Вардар „комитите“, претходно преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните денеска да излезат на протест пред Собранието на Република Македонија бидејќи, како што велат, државата е нападната од внатрешни квислинзи и странски агресори, како и да се покаже дека идеалот за слобода сè уште живее кај граѓаните.
Протестот е закажан за вечерва од 20 часот пред Собранието на Република Македонија.
„Нашата револуција нема боја, има име, а името ѝ е Македонија“, напишаа од навивачката група на социјалните мрежи.