01 Јули, 2024
0.0248

ЧЛЕН НА ХАМАС СЕ ЗАКАНУВА СО НОВИ НАПАДИ: Тврди дека нема логика Израел да постои и ќе го уништат

Објавено во: Свет 01 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Палестинската терористичка група Хамас се заканува дека ќе изврши нови напади како тие на 7-ми октомври, за да го уништи Израел. 

Претставникот на Хамас, Гази Хамад најави дека групата ќе продолжи да го напаѓа Израел. Кажа дека она што Хамас го направи било оправдано и дека окупацијата на Израел мора да заврши. Претставникот на Хамас рече дека нема логика Израел да постои. 

„Израел е земја на која не ѝ е местото на нашата (палестинска) земја. Таа нација мора да замине бидејќи претставува воена и политичка закана за безбедноста на арапските и исламските земји и мора да биде уништена. Не се срамиме да го кажеме тоа одлучно. Мора да го натераме Израел да плати за своите постапки и тоа ќе го правиме постојано. Ќе има втор, трет и четврти (напад) затоа што имаме волја, решителност и способност да се бориме. Ќе има ли жртви? Навистина, и ние сме подготвени да платиме за нив. Горди сме што жртвуваме маченици затоа што сме познати како народ на маченици. Не сакавме да им наштетиме на цивилите, но имаше компликации на теренот, и имаше забава во таа област со (цивилното) население“, рече тој.

Интервјуто е снимено на 26 минатиот месец. Портпаролот на ИДФ, Џонатан Конрикус вели дека населението во Газа плаќа за злосторствата на Хамас. Израел вети дека ќе ја уништи терористичката група Хамас.  

Можеби ќе ве интересира

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана