28 Септември, 2024
0.0237

“Чоколадниот крал” подготвува тим за справување со украинската криза

Објавено во: Анализа 10 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Новиот претседател на Украина Петро Порошенко се подготвува да состави нов управен тим кој ќе ja регулира кризата со Русија. Очекуваните преговори за цените на бензинот ќе бидат тест рана на новите односи со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Ричард Балмфорт од Ројтерс. Свечената заклетва на Порошенко со помпезна, но и мирна церемонија во саботата предизвика стравопочит и чувство дека е повлечена црта по шестте месеци на невидени крвави немири, кои доведоа до соборување на неговиот претходник Виктор Јанукович. Сепак зад еуфоријата дека сега Украина конечно може да започне "Да живее по ново", како што ветуваше предизборниот слоган на Порошенко, постои реалност на флуидизиран сепаратизам на истокот, во кој Киев ја гледа раката на Москва и отпорот на Русија против неговите планови да ја поведе Украина кон Европа. Острото одбивање на Порошенко да ја прифати загубата на Крим во неговата борба во воведниот говор дополнително го става во конфликт со Путин. Дали Путин е подготвен да му даде на некој почетник шанса, на 48-годишниот бизнисмен-политичар или ќе го подложува на тест уште во првите денови на власт може да покажат уште првите трилатерални преговори во Брисел, чија цел е решавање на спорот за цената на рускиот гас. Русија се закани дека ќе го прекине доставувањето за својот сосед, која е главниот пат за транзитот на гас кон Европската унија (ЕУ), ако не си ги плати долговите кон "Гаспром" до денес. Како први чекори за назначување на клучни сојузници се очекува во следните денови Порошенко да назначи нови министри за надворешни работи и за одбрана. Немирите на проруските сепаратисти преку самопрогласените "народни републики", зедоа десетици жртви во судирите меѓу владините сили и вооружени милиции. Лидерите на полицијата веќе рекоа дека нема да се откажат од борбата. Ова не се единствените предизвици пред Порошенко. Тој наследува и земја која е на работ на банкрот, која е оценета од мониторинг агенции како една од најкорумпираните и најлошо управувани во Европа. Порошенко - милијардер со големо раководно искуство, изјави дека има намера да потпише договор за асоцијација и трговија со ЕУ уште овој месец. Ветувањето, да се придржува кон прозападна политика брзо беше наградено од Вашингтон со 48 милиони долари помош за економски реформи. Договорот со ЕУ, кој Јанукович го избегна, предизвикувајќи улични протести кои конечно го соборија од власт, ќе ја однесе Украина во зона за слободна трговија со Унијата, и се спречуваат амбициите на Путин да го задржи Киев во сфера на влијание. Путин, кој е под закана на нови западни санкции поради својата политика кон Украина, предупреди дека штом Украина го потпише договорот и ќе влезе во сила, Русија ќе биде принудена да преземе мерки да си ја заштити економијата и пазарот. Во своето воведно обраќање Порошенко вети дека никогаш нема да ја прифати загубата на Крим, анектиран од Русија во март по соборувањето на поддржаниот од Москва Јанукович. Тој рече: "Крим беше, е и ќе биде украинска земја". Реалноста на место, сепак, е дека има премалку сили, ако воопшто има такви, способни да ја убедат Русија да ја отстапи територијата. Според аналитичарите најголем приоритет треба да биде престанок на немирите, кои ја загрозуваат визијата на Порошенко за обединета држава. Во својот говор тој направи гест кон населението на Источна Украина, ветувајќи дека го гарантира нивното право да говорат на руски и изгледите за поголема самоуправа. Тој им предложи на бунтовниците амнестија, ако го положат оружјето, како и безбеден коридор за враќање во Русија за руските борци. Сепак, како и со повеќето проблеми пред Порошенко, прекинувањето на немирите бара добра волја и соработка на други, во случајот на Путин. Како можеби позитивен сигнал од Москва руските новински агенции соопштиуваат дека Путин и наредил на Федералната служба за безбедност да го зајакне обезбедувањето на границата со Украина и да спречи илегално преминување на луѓе. Овој чекор беше потенцијално важен, бидејќи Украина и западните влади бараа Москва да престане, според нивните зборови, протокот на руско оружје и борци во источна Украина. Првите чекори на Порошенко, познат под прекарот "чоколаден крал" поради кондиторскиот бизнис, ќе бидат да назначи некои клучни членови во тимот. Се очекува наскоро тој да назначи нов министер за надворешни работи - можеби Валериј Чалин кој му беше одговорен за надворешно-политички прашања во предизборниот штаб. Тој има право да назначи и министер за одбрана - друг клучен ресор имајки го предвид учеството на Армијата во задушувањето на немирите во источниот дел на земјата и потребата да запре навлегувањето на руски борци преку границата. Друг клучен сојузник ќе е премиерот Арсениј Јаценјук, кој е на првата линија во деликатните преговори со Русија за цените на гасот. Либералниот премиер, кој беше и министер за економија, веќе вети дека ќе работи "како една целина" со претседателот и парламентот. K.K.