ЧОМОВСКИ ЗА НАСТАПОТ НА ДАВКОВА: Треба да ги респектира не само тие 560 илјади граѓани кои гласале за неа, туку и тие 1.450 илјади кои не гласале

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2024 13:21
По бројните реакции, и новинарот Александар Чомовски, за телевизија Телма излезе со критика за вчерашниот настап на претседателката Гордана Силјановска Давкова, која не го изговори уставното име Република Северна Македонија, туку само Македонија.
„Од моментот кога полага заклетва, во која влезе дека таа ќе биде претседател на сите граѓани, значи не само за тие 540.000 кои гласале за неа, туку и на другите 1.540.000 граѓани, кои сите не ги респектираат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа мораше и за нив да води сметка. И згора на тоа, таа е конституционалист. Нејзината главна улога е чување и заштита на уставниот поредок, на уставноста и слично.
На моменти, фатив три до четири реченици, кои беа консеквентни на ставовите на Ѓорѓе Иванов, и тоа значи една гранка на некаков континуитет“, изјави Чомовски за ТВ Телма.
Можеби ќе ве интересира
Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО
