ЧОВЕК ОД ТЕТОВО ПОЧИНАЛ ОД КОВИД И ПО ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНА - новинарка ја раскажа тажната приказна
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2021
Новинарката Магдалена Стојмановиќ, во групата Ковид 19 Совети и искуства на социјалната мрежа фејсбук, пренесе информација дека во земјава постои и случај на починат граѓанин од коронавирусот, и покрај тоа што бил вакциниран со две дози на вакцината.
Еве што напиша новинарката.
„На моја голема жалост, вчера ја примив вестта дека мојот колега од редакцијата „Мој збор“, Ристе, имал смртен случај во семејството, имено дека неговиот татко Милан Пауновски (61) преминал во тетовската болница како последица на коронавирусот.
Бев погодена од трагичното случување, прво зошто тешко поднесувам смрт на други луѓе, а второ затоа што длабоко сочувствував со болката на мојот драг колега и пред се пријател Ристе.
Дури му изразував сочувство дознав дека и тој, како млад човек заразувајќи се со опасниот вирус, тешко се справува со честите влошувања и се наоѓа на кислородна поддршка во тетовската болница, сместен соба до онаа во која татко му ја направил последната издишка.
Таа вест дополнително ме загрижи, бидејќи се работи за млад човек со совршена здравствена слика, кој ете, тешко го поднесува вирусот, дури до степен да заврши на болничко лекување и на кислородна поддршка.
Во истиот момент кога ги дознавав детаљите за здравствената состојба на мојот колега и пријател, работев вест за тоа дека вакцинацијата е безбедна и дека не постои НИТУ ЕДЕН смртен случај во Македонија со две дози примена вакцина. Изворот секако беше официјалната страна на Министерството за здравство.
По објавената вест, мојот колега, кој е моментално во болница, ме информира дека веста е сосема погрешна и дека токму неговиот татко кој вчера почина во тетовската болница имал примено две дози на вакцини, како и неговата мајка која имала примено исто две дози на вакцини, а се разболела и моментално е во тешка здравствена состојба“, пишува меѓу другото, новинарката.
Таа нагласува дека податоците за смртниот случај во Тетово, се изнесени во согласност со нејзиниот колега Ристе, инаку син на починатиот г. Пауновски.
Во продолжение целиот нејзин пост.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.