05 Декември, 2025
0.0455

Човекот кој сам себеси се подели на акции

Објавено во: Анализа 26 Јуни, 2013 09:45

Добивај вести на Viber

Мајк Мерил е 30 годишен претприемач кој живее во САД. Тој има компанија која издава акции. На јавната понуда имало на располагање 100.000 акции со првична цена од еден долар. Што е чудно во оваа приказна? Буквално ништо....досега. Но што ќе кажете на фактот дека овој човек решил да се подели на 100.000 акции и да си се продаде на виртулена берза. Да токму така, неговите акционери одлучуваат што тој ќе прави во неговиот живот. Со кого ќе излегува, какви вежби ќе прави и каков тип на живот ќе води. Делува неверојатно, но ова навистина постои. Еве и веб страна од неговата компанија и преглед на тоа каква е ситуацијата од денешното тргување: http://www.kmikeym.com/trades Ова е вистина. Иако акциите не му се тргуваат на легитимна берза ова што го гледате е вистина. Иако не се тргува многу цената како и цената на секоја акција има свои подеми и падови. Дури еден инвеститор во еден момент во 2012 година заработи 900 долари. И еве го графикот на движењето на цената на неговата акција. Доколку сакате да дознаете повеќе, читајте на неговата веб страна. Редакција Фактор  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени