30 Јуни, 2024
0.0290

Буџет 2014: за Гасификација само 4,1 милиони евра, а за автобуси 5, 2 милиони евра!?

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството за транспорт и врски, кое ги менаџира процесите на главните капитални инвестиции следната година според предлог-Буџетот на располагање ќе има околу 57 милиони евра. Од нив 36,5 милиони евра се од Буџетот, 19,1 милиони евра се заеми и 1,3 милиони евра се дотации. Се забележува дека в година државата за Гасификација ќе одвои само 4, 1 милиони евра, помалку дури и од проектот за купување нови автобуси. Железничка инфраструктура – 20,3 милиони евра   Според предлог-Буџетот, следната година, министерството за транспорт и врски најмногу пари ќе потроши за инвестиции во железничката инфраструктура. Третина од  парите што му се на располагање на министерството ќе бидат наменети за железницата. За оваа намена планирани се вкупно 20,3 милиони евра, од кои 9,3 милиони евра се од домашниот Буџет, а додека 11 милиони евра се од заеми.
„Со планираните инвестиции во железничката инфраструктура опфатено е редовното и тековното одржување во постојната железничка инфраструктура, изградбата на новиот Коридор 8, изработката на инвестиционо-техничката документација, како и надоместување на услугите од јавниот интерес во железничкиот превоз на патници. Со оглед дека железничката инфраструктура се карактеризира со застареност и неможност да се одвива сообраќајот со проектираните брзини на движење, со планираното вложување во железничката инфраструктура се очекува обезбедување на сигурен и безбеден сообраќај, привлекување на оператори (превозници) на територијата на Република Македонија, како предуслов за зголемување на конкурентноста на железничкиот транспорт на пазарот за транспортни услуги“, пишува во објаснувањето на предлог-Буџетот за догодина.
Според проекциите, планирано е дека во 2015 за железничката инфраструктура ќе бидат наменети 20 милиони евра, а во 2016 година околу 25 милиони евра. Гасификација -  4,1 милиони евра За гасификација следната година министерството на транспорт и врски на располагање ќе има 4,1 милион евра.
„Во оваа сума опфатени се активности за изработка на физибилити студија за гасоводен систем на Република Македонија со идеен проект и изработка на основен и изведбен проект за приоритетна делница за магистрален гасовод за утврдените делници, како и за изградба на Национален гасоводен систем во Република Македонија“.
Сумата од 4,1 милион евра, што министерството за транспорт и врски ја има на располагање е само од домашниот Буџет што е одобрен за ова министерство. Сепак според податоците во предлог-Буџетот се гледа дека министерството за транспорт и врски барало да му се одобри да земе од околу 15 милиони евра и уште пет милиони евра да добие од домашниот Буџет, и со тоа на располагење да има 20 милиони евра за проектот гасификација.Сепак одбрени му се само 4,1 милион евра. Според проекциите, во 2015 година за гасификацијата се предвидуваат околу 5 милиони евра , а во 2016 година проектирани се 12,5 милиони евра за овој проект. Набавка на автобуси -5,2 милиони евра За набавката на автобусите што веќе се возат низ главниот град и годинава ќе се одвојат 5,2 милиони евра. И според податоците од предлог-Буџетот тоа би требало да биде последната транша за овој проект, со оглед дека за 2015 и 2016 година не се планирани пари за оваа намена. Изградба на социјални станови – 237 илјади евра За изградба на социјални станови годинава во Буџетот се планирани 237 илјади евра. Новата зграда на министерството за транспорт и врски -3 милиони евра За новата зграда на Министерството за транспорт и врски за следната година планирани се близу 3 милиони евра, и уште 1,5 милион евра за истата намена ќе му бидат доделени во 2015 година. Од овие бројки произлегува дека вкупната сума за новата управна зграда на министерсвото за транспорт и врски што ќе се потроши во 2014 и 2015 година ќе изнесува 4,5 милиони евар. Министерсвото за транспорт и врски  барало сите пари да ги добие во 2014 година, но сепак помал дел е оставен за 2015 година. 
„Проектот Надградба и реконструкција на управна зграда опфаќа изработка на идејно решение на објектот, изработка на проектна документација на ниво на идеен, основен и изведбен проект и негова ревизија, како и спроведување на активности за надградба и реконструкција на самиот објект и стручен надзор над истите“, пишува во предлог-Буџетот
Патишта до манастирите Трескавец и Зрзе - 2,3 милиони евра Следната година од буџетот на министерството за транспорт и врски за изградба на патот до манастирот Трескавец ќе бидат префрлени 1,5 милион евра. Додека за патот што води до манастирот Зрзе во 2014 година се планирани 81 илјада евра. Многу повеќе пари за овој пат се планирани воселдните години. Или според проекциите во 2014 година ќе бидат одвоени 406 илјади евра, и уште толку во 2016 година. Водовод и канализација – 10,9 милиони евра За подобрување на водоснабдувањето, како и за проекти за каналзиација, планирани се 6,1 милион евра. Од овие пари 4,1 милион евра ќе се обезбедат од заеми од Германската банка за развој, 1,2 милиони евра ќе се обезбедат од дотации, а 800 илајди евра се од домашниот Буџет.
„Проектот ќе се финансира како кредитно задолжување на Република Македонија од Германската банка за развој - KfW и со истиот е опфатено подобрување на водоснабдувањето во осум општини во Република Македонија, фаза 1 и тоа Тетово, Гостивар, Кочани, Радовиш, Кавадарци, Битола, Гевгелија и Неготино“, пишува во предлог- Буџетот за следната година.
Дополнително за реконструкција на водоснабдувањето и канализационите системи планирани се 4,8 милиони евра, од кои 4 милиони евра се заем од Европската инвестициона Банка, додека 830 илјади евра се пари до домашниот Буџет.
„Оваа потпрограма опфаќа изградба и реконструција на водоснабдителни и канализациони системи во Република Македонија,финансирани со заем од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ). Основна цел на оваа потпрограма е квалитетно и ефикасно задоволување на потребите од вода, особено во руралните подрачја, како количински ограничен ресурс кој претставува еден од најважните предуслови за обезбедување на современ стандард на животот на населението,“ пишува во предлог- Буџетот за следната година.
Водовод до Сончев град и инфраструктура во Крушево - 800 илјади евра Следната година од Буџетот на министерството за транспот и врски се планира да се одвојат 800 илјади евра за водоводот за наелбата Сончев град што треба ја гради турски Џеваир Холдинг, но државата треба да ја обезбеди инфраструктурата односно патот и водоводот. Дел од овие пари ќе се потрошат и за инфраструктура во Крушево.
„Опфатена изградбата на систем за водоснабдување за дел од населените места во општина Сопиште -Регионален водовод Патишка Река и изградбата на инфраструктурни објекти (изградба на пристапни улици, потпорни ѕидови, водоводна мрежа и сепарирана канализациона мрежа со пречистителна станица) во викенд зоната Вршник, во општина Крушево.“ пишува во предлог- Буџетот за следната година.
Редакција Фактор Преземање на содржините од Фактор е возможно само со претходна согласност од редакцијата

Можеби ќе ве интересира

„Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години да не е обвинет и осуден за криминал и корупција“: Хајредини распали по интегративците

„Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години да не е обвинет и осуден за криминал и корупција“: Хајредини распали по интегративците

НЕМА ПРЕДАТОРИ, ИМА ДОВОЛНО ХРАНА И МИРЕН ЖИВОТ: Се зголемува бројот на штркови во Стојаково

НЕМА ПРЕДАТОРИ, ИМА ДОВОЛНО ХРАНА И МИРЕН ЖИВОТ: Се зголемува бројот на штркови во Стојаково

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата