17 Декември, 2025
0.1621

Чудни процеси во Македонија, невработеноста паѓа – економијата не расте!?

Објавено во: Економија 03 Јули, 2013 20:23

Добивај вести на Viber

Слаба економска активност, рецесивни перформанси и намалување на невработеноста, ова се атипични процеси кои се случуваат во македонската економија забележа професорот Предраг Трпески за време на денешната промоција на проектот „Потенцијалниот бруто домашен производ и природната стапка на невработеност во Македонија“. Според Трпевски, порастот на БДП треба да се одвива во исто време со намалувањето на невработеноста. „Факт е дека порастот на бруто домашниот производ и намалувањето на невработеноста одат рака под рака, ако има зголемување на економската активност би било очекувано да има намалување на невработеноста“, рече Трпевски. Сепак вели тоја, последниот период во Македонија невработеноста се намалува, но атипична ситуација е тоа што ова се случува во услови на слаба економска активност. Според него, невработеноста паѓа, не поради инвестициите и создавањето нови работни места во приватниот сектор, туку како резултат на административни мерки од Владата и Агенцијата за вработување. „Во 2010 година се направија измени во неколку закони кои ги регулираат социјалните давачки, и оние кои се пријавуваа во Агенцијата за вработувањеза социјалните давачки односно сините картони од 2010 година се водат во ФЗОМ и не егзистираат во Агенцијата за вработување. Тоа е една добра мерка која значи прочистување на списокот на невработени во Македонија“, смета Трпевски, кој нагласи дека доколку дојде до прочистување на тој список во макњедонија тогаш би направиле и пореални и порелевантни испитувања и би можеле да дадеме одредени заклучоци и препораки како да се дизајнираат економските политики во наредниот период. Во однос на задолженоста Трпевски вели дека задолженоста на една земја со низок доход, не треба да биде над 35 отсто, бидејќи делот што останува за трошење е многу помал и државата со остатокот многу посиромашно ќе живее, отколку земјите со висок доход.
Како автори на трудот „Потенцијалниот БДП и природната стапка на невработеност во Македонија“, се професорите Таки Фити, Владимир Филиповски, Јане Богоев и Предраг Трпевски.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија