ЧУДО: 91 годишна баба во 3 месеци, 2 пати доби на лото
Објавено во: Стил 09 Ноември, 2012 18:18
Да се освои премија на лото е вистинско чудо, а да се направи тоа два пати и тоа за кусо време, речиси е незамисливо. Сепак, Лена Итон (91) е Американката која успеа да ги негира сите закони на веројатност, а во рок од три месеци два пати освои лото. Таа прво во август на лото освои 300 000 долари, а пред неколку дена на картичка гребка доби 99 999 долари.
Освојување на премија на која било лотарија или игра на среќа, претставува посебно доживување, а уште поголемо доживување е кога тоа некој ќе го направи два пати во рок од три месеци, особено лице кое има над 90 години. Тоа навистина е неверојатно, велат од лотаријата.
Лена Итон која има шест деца, 16 внучиња и 20 правнучиња, рече дека парите планира да ги потроши за реновирање на куќата и „да ги направи среќни“ своите блиски. Големо задоволство е кога можете да им помогнете на своите деца, рече среќната баба во изјавата за американските медиуми.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





