06 Декември, 2025
0.0412

Чуму Агенција за железнички сообраќај, ако никого и ништо не регулира?

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2013 09:30

Добивај вести на Viber

Не стивнува војната на релација ДУИ – ВМРО ДПМНЕ, околу либерализацијата на железничкиот сообраќај. Откако владејачката ВМРО –ДПМНЕ и покрај несогласувањето на ДУИ, реши да ја стопира либерализацијата во овој сектор, сега ДУИ бара да се укине Агенцијата за регулурање на железникиот сообраќај, со став дека таа е формирана да функционира во услови на либерализиран пазар, а бидејќи тоа не се случи сега нема зошто агенцијата да постои и да наплаќа пари од двете двете железнички компании.

 

Да се укине Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај, се додека не се либерализира сообраќајот во железницата, побара директорот на МЖ-Инфраструктура, Ирфан Асани. Асани и натаму го оспорува  легитимитетот на агенцијата, и бара да биде укината бидејќи според него  таа е формирана да го регулира сообраќајот во услови на либерализарн пазар. Со оглед дека тоа не е случај тогаш нема зошто агенцијата да добива дел од приходите на железничките компании и нема зошто таа агенција да постои.

„Решавањето на проблемот подразбира сериозен приод од домашните институции. Ние ќе работиме во правец на тоа да ја претставиме што пореално нефункционалната улога на агенцијата и нормално бараме од надлежните органи да го поддржат нашето барање. Агенцијата да биде ставена во мирување, односно да има мораториум или пак воопшто да не постои, се до создавање на услови за влегување на други оператори во Република Македонија или до времето кога ќе се регулира либерализација на железничкиот пазар“, изјави Ирфан Асани, директор на МЖ- инфраструктура, откако вчера на неколку часа беше блокирана сметката на железничкото претпријатие.

Тој потенцираше и дека нема да дозволи во иднина блокирање на сметката на компанијата од страна на оваа Агенција. „Нема да дозволиме една агенција која во себе има четири вработени, кои со нивните обиди се трудат да ја блокираат работата на претпријатието, доведувајќи ја во опасност директно или индиректно и безбедносната состојба во железничкиот транспорт, ние и понатаму ќе работиме, ќе функционираме врз основа на позитивните законски одредби“, вели Асани.

Дополнително, Асани посочи дека како компанија ќе си ги сервисираат обврските кон вработените и останатите потреби на фирмата и тоа ќе биде приоритет, но, не беше прецизен дали тоа ќе значи дека тие немаат намера да и префрлаат пари на Агенцијата, бидејќи го оспоруваат нејзиниот легитимитет.

Дуи бара слободен транспорт, ВМРО ДПМНЕ стравува за МЖ Транспорт

Дали ДУИ овој пат ќе успее во своите напори останува да се види. Сепак, и покрај тоа што минатата година ДУИ не се согласуваше либерализацијата да биде стопирана се до влезот на земјата во ЕУ, ВМРО –ДПМНЕ успеа да ги протурка измените и да го донесе законот. Образложението беше дека ако се дозволи влез на други превозници тогаш на удар ќе се најде државната компанија МЖ-Транспорт, со која раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ, и која нема да може да ја издржи конкуренцијата па ќе мора да се соочи со отпуштања.

ДУИ пак инсистираше на либерализација во сообраќајот бидејќи, ако се дозволи влез на други превозници тогаш МЖ-Инфраструктура, со која раководи кадар на ДУИ, од тие превозници ќе наплаќа за користење на пругите и нема да биде финансиски зависна само од парите што сега ги добива од едиснтвениот превозник на пругите МЖ-Транспорт.

И покрај јасното укажување на директорот на МЖ-Инфраструктура, сепак во Агенцијата за регулирање на железнички сообраќај има целосен молк. Освен писменото соопштение до медиумите, кога ги испратија и извршните решенија за блокирање на сметките на железничките компании и кога од Агенцијата побрзаа да објаснат дека постапуваат согласно законите, сега ништо не се соопштува. Директорот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај, Никола Костадиновски, одбива да одговори дали и како е надминат спорот со долговите со железничките комапнии, дали тие се откажуваат од побарувањата или и натаму ќе бараат да им се исплатат. Но, исто така директорот Костадиновски молчи и за обвинувањата на железничарите дека тој и неговите тројца вработени во Агенцијата се луксузираат на сметка на железничарите и земаат по 1.500 евра плата, а трошат и 70 илјади евра за интелектулани услуги без да прецизираат за какви интелектуални услуги станива збор.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?