ЦИПРАС ДОБИ НАГРАДА ЗА МИР: Ова е признание за Договорот од Преспа
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2024 16:00
Награда за мир доби поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас поради Преспанскиот договор.
„Потребата да се задржи моментумот создаден за европската перспектива на регионот со Договорот од Преспа“, изјавил поранешниот грчки премиер и екс-претседател на СИРИЗА, Алексис Ципрас при добивањето на Наградата за мир од од грчката Опсерваторија на меѓународни организации и глобализација.
Тој изјавил дека е потребно повеќе од кога било Грција да се врати на надворешна политика која ја консолидира својата позиција како главен столб на мирот и стабилноста во регионот, наместо да ја бара опасната улога на напредната станица на Западот.
Осврнувајќи се на Договорот од Преспа, Ципрас кажал дека е потребно „почитување на Договорот од неговиот нов политички и државен врв.
„Не смееме да дозволиме Балканот да стане неконтролирана арена на конкуренција на моќ. Не смееме да дозволиме национализмот уште повеќе да биде присутен во регионот. Договор кој е модел за решавање спорови за Западен Балкан, бидејќи докажа дека постои начин за заемно прифатливи решенија кои ги бранат националните интереси и истовремено промовираат мир“, рекол Ципрас.
Договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција беше потпишан на 17 јуни 2018 година. Тој му стави крај на спорот кој траеше повеќе од четврт век, и поради кој беа закочени евроатлантските интеграции на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




