Ципрас: Граѓаните на Грција се “ново сиромашни“
Објавено во: Балкан 29 Април, 2013 12:44
Лидерот на грчката главна опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас ја обвини коалициската Влада за „катастрофалната политика која Грција ја претвори во колонија во долгови, а нејзините граѓани во ’ново сиромашни’“.
- Секогаш не спасувате во последен момент, без оглед на последиците. Социјалната држава ја заменивте со вонредна состојба. Уставот го заменивте со меморандум. Парламентот го претворивте во агенција за одобрување, рече Ципрас во Парламентот.
Грчкиот Парламент синоќа го одобри нацрт-законот кој се однесува на спроведување реформи и рестриктивни мерки за намалување на трошоците, договорени со тројката меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), јави дописникот на МИА од Атина.
Според новиот закон, до крајот на 2014 година ќе бидат отпуштени 15 илјади државни службеници. - Се обидувам да најдам аргумент за да го разберам оптимизмот на премиерот и министерот за финансии. Премиерот не се појави за да ги брани своите избори. Премиерот е отсутен од критичните парламентарни процедури, рече лидерот на Сириза.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





