ЦИВИЛ: Фантомските гласачи се заменуваат со нови, состојбата е загрижувачка
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016
Невладината организација ЦИВИЛ соопшти дека добила голем број на пријави за нерегуларности во избарачкиот список и дека проблемот со фантомските гласачи не е решен. Загрижувачи е фактот што фантомските гласачи се тргаат од одредените адреси, а на истите адреси се појавуваат нови гласачи. Овие случаи биле пријавени во Цивил откако граѓаните поднеле претставки до ДИК и до матичните служби.
„Нашите мониторинг тимови и истражувачи дојдоа до голем број на случаи во кои напуштени куќи, урнатини, па и непостоечки објекти се дом на фантомски гласачи. Сторијата која доаѓа од Прилеп за гласачи регистрирани на адреса на напуштена куќа и случајот со паркингот во Тетово се само илустрација за состојбите кои се забележуваат низ земјата“, изјави Џабир Дерала, претседател на организацијата Цивил.
До Цивил биле доставени и пријави за двојни адреси на исто живеалиште, со различни станари, од кои едни реално постоеле, а други не.