Цивилна мобилизација, серија штрајкови и големо незадоволство во Грција
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2013 19:15
Грчките синдикати прогласија национален штрајк и серија протести поради граѓанската мобилизација што ја најави Владата.
Синдикатот на држаните службеници АДЕДИ одлучи утре да организира национален штрајк, во 10 часот и 30 минути по локално време во Атина. Исто така заедно со синдикатот на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ ќе учествуваат и во четиричасовните протести и во четврток.
Претходно грчката Влада, предводена од конзервативците, најави дека се воведува цивилна мобилиација за за околу 85.000 наставници за да ги спречи со штрајк да го нарушат оддржувањето на приемните испити на факултетите, што ќе се оддржат од 17 до 31 мај.
Владата третпат годинава Владата презема таква мерка, што е предвидена во случај на природна катастрофа или национална криза. Според најавите, синдикатите на наставниците планираа на 17 мај да почнат штрајк со почитување на минимум од процесот на работа. Незадоволни се од воведувањето на подолго работно време и недоброволно преместување на наставниот кадар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





