09 Октомври, 2024
0.0352

CNN ОБЈАВИ ВИДЕО - ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИЦИ ПУКААТ ВО МЕНТАЛНО БОЛЕН ПАЛЕСТИНЕЦ: Целата ситуација се случува пред очите на дете и жена

Објавено во: Свет 06 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Видеото што го објави Си-Ен-Ен покажува израелски војник во униформа како пука во млад  Палестинец со психички проблеми во близина на окупираниот град Хеброн на Западниот Брег. Тарек Абуа Абед, познат на пријателите и семејството како Газави, вчера се враќал дома кога тројца мажи во воени униформи го запреле и побарале идентификација, изјави Диа, братот на Тарек Абу Абед во телефонско интервју за Си-Ен-Ен.

Видеото можете да го погледнете на овој линк, но ве предупредуваме дека е крајно вознемирувачко.

„Секој што ќе го запознае Тарек може веднаш да разбере дека е лице со посебни потреби. Неговиот мозок работи како детски“, рече тој. Кога Тарек им рекол на мажите дека нема лична карта, настанала расправија која кулминирала со пукањето во Тарек, наведува неговиот брат.

Диа ги идентификуваше луѓето кои го запреа неговиот брат како израелски војници. Иако е познато дека некои израелски доселеници носат воени униформи и имаат пристап до воени пушки, израелските одбранбени сили (ИДФ) подоцна потврдија за Си-Ен-Ен дека израелските војници биле вклучени во конфронтација со ментално растроен маж во близина на Хеброн.

Оттаму додаваат дека воената полиција го истражува инцидентот. „Врз основа на првичните достапни информации, се чини дека за време на проверката извршена претходно денеска во близина на градот Хеброн, еден Палестинец бил застрелан во ногата и бил евакуиран за да добие медицинска помош“, се вели во соопштението на ИД.

Си-Ен-Ен утврди дека видеото е снимено во близина на градот Сидет Калкас, јужно од Хеброн. Се чини дека снимката покажува моменти откако Тарек рече дека нема идентификација. На него се гледаат тројца мажи во воени униформи како стојат над маж на неговите раце и колена, покрај маж во црвена кошула, кого Диа го идентификуваше како пријател на Тарек.

„Еден човек облечен во црвено дојде да го одбрани и да им каже на израелските војници дека брат ми има посебни потреби. Во заедницата е познато дека има психички потешкотии. Војниците одбија да слушаат“, нагласи Диа. Мажите ги вперија пушките во Тарек и се слушаат викања. Сето ова се случува предочите на локалните жители меѓу кои има и дете.

Палестинската Црвена полумесечина вчера соопшти дека од Калкас во болница пренела 34-годишен маж со прострелна рана на ногата. Тарек претрпел тешко крварење и бил опериран на ногата, рекол неговиот брат.

фото: CNN/Print Screen

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи