Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул
Објавено во: Свет 09 Октомври, 2024
Авион на Туркиш ерлајнс принудно слетал откако пилотот починал за време на летот. Авионот на Туркиш ерлајнс на летот од Сиетл за Истанбул бил пренасочен кон Њујорк откако пилотот изгубил свест набргу по полетувањето, јавува SkyNews.
Екипажот му дал прва помош на 59-годишниот пилот во авионот и се обиделе да го оживеат, но тој починал пред да слета авионот. Пилотот, вработен во авиокомпанијата од 2007 година, немал здравствени проблеми.
Се верува дека копилотот го приземјил леталото. Податоците за следење на летот покажаа дека Ербас А350 полетал од Сиетл вчера вечерта, пред да прелета над Канада.
Сепак, потоа нагло свртува кон југ и се приземјува на меѓународниот аеродром Џон Кенеди нешто пред 6 часот по локално време.
Авиокомпанијата го објави идентитетот на пилотот. Станува збор за Илчехин Пехливан. Портпаролот Јахја Устун рече дека тој бил вработен во авиокомпанијата од 2007 година и немал претходни здравствени проблеми.
Тој, исто така, додаде оти претходно оваа година пилотот ги поминал и лекарските преглед.
- Му посакуваме Божја милост на нашиот капетан и трпение на сите негови колеги и најблиски, особено на неговото ужалено семејство - соопштија од компанијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.