03 Декември, 2024
0.0402

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Објавено во: Свет 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

По руската инвазија на Украина, 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на ниво невидено од падот на комунистичките режими - на 70 милијарди долари само оваа година, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори.

Значителен дел од опремата се купува за да се замени советската опрема испратена во Украина, а овие земји исто така се обидуваат брзо да го изградат својот воен потенцијал, кој повеќето од нив го занемаруваа со децении, наведува медиумоит.

„Откако не направивме речиси ништо на ова поле 20 години, ова во основа е скок од машини од прва или втора генерација на машини од четврта или петта генерација. Тоа е како да се преселите од компјутер со процесор 386 до најновите повеќе јадрени мрежни решенија“, рече началникот на Генералштабот на вооружените сили на Словачка, генерал Данијел Змеко.

Источното крило на НАТО најпрво најави зголемување на воените трошоци кога Русија го окупираше Крим во 2014 година, а во 2021 година, една година пред руската инвазија на Украина, меѓу најголемите економии на континентот, само Велика Британија ја достигна целта на Алијансата од два отсто од БДП.

Според шефот на естонската агенција за одбранбени набавки, Магнус-Валдемар Сар, Естонија потрошила повеќе за одбрана во последните 18 месеци отколку во претходните 30 години. Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур истакна дека проблемот е хроничниот недостаток на средства. Земјата, која дели заедничка граница со Русија, издвојува 3,4 отсто од БДП.

„Проблемот е што не бевме на два проценти во последните 30 години, бевме на еден процент, а некои земји се дури и под прагот од еден процент“, рече тој.

Воениот сојуз проценува дека оваа година на земјите од Источна Европа отпаѓаат пет од седумте најголеми трошоци за одбрана на НАТО како процент од БДП. Полска е на прво место, со над 4,12 отсто од БДП. Помалку од еден месец по инвазијата на Украина, парламентот донесе закон со кој се зголеми буџетот и создаде посебен фонд за финансирање скапи набавки.

На второ место е Естонија – 3,43 отсто, потоа САД – 3,38 отсто, Латвија – 3,15 отсто, Грција – 3,08 отсто, Литванија – 2,85 отсто, Финска – 2,41 отсто, Данска – 2,37 отсто, Велика Британија – 2,33 отсто и Романија - 2,25 отсто, според Блумберг.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото