05 Декември, 2025
0.0273

Coca-Cola ги враќа стаклените шишиња

Објавено во: Анализа 05 Август, 2014 08:15

Добивај вести на Viber

Coca-Cola се бори со долгогодишeн и бавен пад во продажбата, компанијата се обидува да ги натера луѓето повторно да консумираат повеќе од најпознатото нејзиниот пијалок. Една од стратегиите на компанијата за постигнување на ова е да почнат да го продаваат газираниот пијалок во помали шишиња и лименки за пијалаци. Компанијата ќе се обиде да ги натера корисниците да пијат повеќе од стаклени шишиња, пишува BusinessWeek. Во 2009 година Концернот претстави мал примерок од 220 мл, кој содржеше помалку од 100 калории. Неодамна, пак, почна да профитираат се повеќе врз старомодните стаклени шишиња. Прашањето е колку добро се продаваат тие? Излегува дека доста добро. Продажбата на Coca-Cola во стаклени шишиња се зголеми за 9% минатата година, а оваа се обележа раст од 19%, покажуваат податоците на компанијата за пазарни истражувања IRI. Од своја страна продажбите на Pepsi во стаклени шишиња е доста повисоки. Тие се зголемија 205% минатата година и со 47% во текот на оваа. Причината Pepsi да има толку високи раст е дека таа речиси не ги продавала своите производи во стаклени шишиња досега. Овие податоци укажуваат дека индустријата со газирани пијалаци била во надолна линија речиси цела деценија. Минатата година продажбата во САД забележа намалување за 3 отсто, а тоа беше деветта година по ред на пад, бидејќи луѓето почнаа да трошат помалку газирани пијалаци и се насочија кон други. Иако вестите се добри за Pepsi и Coca-Cola, стаклените шишиња едвај ќе бидат спасот на целата индустрија. Продажбата на Coca-Cola и Pepsi на пијалоци во стаклени шишиња минатата година достигнаа 123 милиони и 30 милиони долари, наведува IRI. Всушност пијалоците во стаклено шише се нешто како грамофонски плочи во индустријата со газирани пијалаци, но истовремено изнесуваат помалку од процентот од сè што пиеме. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени