01 Септември, 2024
0.2746

Црквата и Општина Охрид се скараа за Св.Наум

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Дебарско-кичевската епархија почнала градежни зафати во непосредна близина на манастирот Св.Наум, кои ја разлутија општинската администрација во Охрид. Изградена е влезна капија, десетици типизирани објекти - во функција на продавници за сувенири, санитарен јазол. Се уредува плажата, се подигнуваат водоскоци, паркови, во согласност со проектот за новиот изглед на манастирскиот комплекс. Но, од Општина Охрид велат дека процедурата не е докрај испочитувана и оти Црквата морала најпрвин да ги обезбеди потребните дозволи за градежните зафати. „Дебарско - кичевската епархија, ќе мора согласно закон да го врши уредувањето на манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Надлежните инспекциски служби воочиле одредени неправилности и недоследности во процедурите неопходни за изведба на градежни зафати, поради што Локалната самоуправа реагираше до Дебарско - кичевската епархија. Очекуваме црквата да постапи по забелешките“, стои во реакцијата на општината. Острото соопштение предизвика реакции и толкувања на јавноста - дали Општина Охрид има намера да ги урива новите објекти во близина на манастирот? Од општината демантираа. Велат дека ќе ги разгледаат дополнителните документи што ги доставила Дебарско-кичевската епархија, иако нагласуваат дека законот е јасен и важи за сите. Од Епархијата велат дека ги доставиле сите побарани документи. Според нив, проектот воопшто не е спорен и има за цел само да ја оплемени околината на манастирот, кој секоја година го посетуваат голем број туристи. „Нека повелат и нека го урнат манастирот ! Толку дивоградби има насекаде, цели градови се дивоградби, толку џамии има дивоградби, а сега ако дошло ред да се урива во манастирот, што да кажам друго . Нека повелат нека уриваат!“, изјавил митрополитот дебарско-кичевски, владиката Тимотеј за порталот Охрид1. Владиката Тимотеј претпоставува дека општинската власт му се лути заради неговите јавно искажани ставови против инвестицијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение