29 Септември, 2024
0.0315

Црквата ќе го земе планинарскиот дом „Матка“ - Угриновски праша дали го купиле или наследиле

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Федерацијата на планинарски спортови (ФПСМ) на Република Македонија во име на повеќе од 30.000 планинари јавно побара од надлежните да го спечат одземањето на планинарските домови од институции и поединци.

Од ФПСМ велат дека на криминален начин, после 75 години ММЦ-ОА сака насилно да им го одземе планинарскиот дом „Матка“.

Претседателот на ФПСМ проф. д-р Јовица Угриновски повикувајќи се на документи и фотографии направени од 1938 година наваму, хронолошки и детално објасни како Федерацијата го добила планинарскиот дом „Матка“ на владеење и само поради една катастарска грешка денес и е доделен на МПЦ - ОА.

„Од 1940 година домот „Матка“ е доделен на планинарите, по војната во средината на 60.те години е земен под владение од планинарите и во следните години е дограден, реновиран. Во 1987 година домот е преземен од Спелеолошко друштво „Пеони“. Во 2008 година добиен е поседовен лист од Катастарот. Во 2009 година, одеднаш, преку ноќ, Комисијата за денационализацијата, планинарскиот дом го преименува во конак. Две години подоцна, на 15.11 издаден е документ од Катастар на кој планинарскиот дом „Матка“ е во сопственост на ФПСМ, а само еден ден подоцна од истата државна институција излегува поседовен лист на има МПЦ – ОА. На 15 еден сопственик, на 16 друг. На ова и Коперфилд може да позавиди, како со волшебно стапче Катастарот врши промена на сопственост“ - изјави  Угриновски.

Од ФПСМ соопштија дека успеале барем времено да го спречат одземањето на домот „Матка“ од МПЦ – ОА и ја повикаа Црквата да каже по кој основ станува сопственик.

„Дали го купила, наследила, изградила, го добила на подарок. Јас ја поднесувам целата кривична, материјална, морална одговорност и јас лично како Јовица Угриновски ќе им исплатам оштета ако ја побараат. Вториот начин е да ги идентификуваат оние луѓе во МПЦ кои ги прекршиле Божјите заповеди и да се оградат од ова, во спротивни и тие се соучесници“ - вели Угриновски.

Од федерацијата најавија акции и за други планинарски домови кои се во процедура за нивно одземање. 

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“