ЦРН БИЛАНС ВО БОСНА: Пронајдено е уште едно тело на лице кое настрада во поплавата
Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2024 14:49
Пронајдено e 21-то тело на жртва во северна Херцеговина, oдносно има вкупно 24 загинати во поплавите во Босна.
Во областа Коњиќ, откриено е телото на уште една жртва. Градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ, за локалните медиуми потврди дека спасувачките екипи го пронашле телото на жртвата од областа Бутуровиќ Поље, а во тек е извлекувањето на оваа жртва од наносот на вода и кал.
Со тоа бројот на жртвите од северниот дел на Херцеговина се искачи на 21, а три лица загинаа во Фојница.
Најголем број луѓе загинаа во одрони од карпи во населбата Доња Јабланица, каде што, исто така е тешко оштетена железничката пруга и целосно е прекината врската со пристаништето Плоче.
Во пристаништето Плоче во моментов има 400.000 тони разновидна стока за БиХ. Железниците на Федерацијата Босна и Херцеговина секојдневно губат по околу 125.000 евра поради прекин на железничкиот сообраќај.
Некои луѓе загубија и по неколку члена од семејството во поплавите.Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




