ЦРНА ГОРА ДЕЛИ „ЗЛАТНИ ПАСОШИ“: Колку луѓе добиле економско државјанство?
Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2025 20:21
Црногорски „Златен пасош“ добија 860 луѓе.
Владата соопшти дека тие добиле пасоши преку програмата за економско државјанство.
Црногорската влада почна да го спроведува овој предлог во 2018 година, а за да добијат „Златен пасош“, апликантите требаше да инвестираат во одредени проекти. До 30 декември 2024 година инвеститорите платиле 247.602.956 евра.
За инвестирање во земјоделството и преработувачката индустрија, на инвеститорот од почетокот на програмата му се исплатени сума од 500.000 евра, додека за административни такси исплатени се 43.575.344 евра, јавува РТЦГ. На сличен начин и други земји во светот доделуваат пасоши на странците кои ќе инвестираат.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




