22 Јануари, 2025
0.0282

Црна Гора и Македонија со највисок наталитет на балканот, во Србија и Хрватска повеќе умрени од родени!

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

На 1 јануари 2014 година, населението на EU28 се проценува на 507.400.000, во споредба со 505.700.000 колку што имало на 1 јануари 2013 година. „Како долгорочен тренд, бројот на населението на земјите кои го сочинуваат EU28 се зголеми за околу 100 милиони од 1960 година. Односно во 1960 година имало 407 милиони, а сега има 507 милиони население“, се наведува во извештајот на Евростат,  Европска статистичка агенција. Во Германија на први јануари годинава европската канцеларија за статистика избројала  80.780.000 жители, во Франција 65.856.600, во Велика Британија има  64.308.300 жители, во Италија има 60.782.700 жители.  Европската статистичка канцеларија од земјите во регионот кои се дел од Европската Унија, на први јануари годинава во Грција изборја 10.992.600 жители, во Бугарија има 7.245.700 жители, во Хрватска 4.246.700 жители, а во Словенија 2.061.100 жители. Населението во Турција брои 76.667.900 жители, на Србија 7.146.800 жители. Македонија, според евростат има 2.065.800 жители а Црна Гора има 624.300 жители. Сепак, во анализата на податоците се гледа дека 13 земји од ЕУ28 имаат негативен природен прираст, односно имаат повеќе умрени лица од родени. Па така во Бугарија има најголем измерен негативен природен приратс кој изнесува (-5,2 ‰), во Латвија (-4,0 ‰), во Литванија (-3,9 ‰),во Унгарија(-3,6 ‰), во Романија (-3,5 ‰) и Германија (-2,6 ‰). Турција со највисок наталитет, повисок и од земјите во Европската Унија Податоците покажуваат дека во земјите од ЕУ28 лани се родиле 5,1 милиони бебиња. Стапката на наталитет изнесува 10%, и има намалување во однос на 2012 година. Во апсолутни бројки, податоците покажуваат дека, минатата година во Франција се родиле 810.800 бебиња, во Велика Британија 782.100, во Германија 685.000, во Италија 514.300, а во Шпанија се родиле 424.500 бебиња. Сепак, во земјите кои се дел од ЕУ28, стапката на наталитет е највисока во Ирска каде изнесува 15%, додека Франција 12,3%, во Велика Британија 12,2%, во Шведска 11,8 ‰, Луксембург 11,3 ‰. Најниска е стапката на наталитет во Португалија 7,9 ‰, Германија, Грција и Италија сите 8,5 ‰ и Романија со 8,8 ‰. Турција, која не е дел од ЕУ28 сепак е на врвот на листата според стапката на наталитет, која изнесува 16.8%. Таму лани се родиле 1.283.100 бебиња. Истовремено Турција има и ниска стапка на морталитет, односно на умрени лица, која изнесува 4,9%. Во оваа земја лани умреле 372.100 луѓе. Во регионот Македонија има највисока стапка на наталитет. Во Србија, Бугарија, Хрватска и Грција има повеќе умрени од родени Црна Гора има највисока стапка на наталитет од земјите во регионот. Во оваа земја, минатата година се родиле 7.500 бебиња, а умреле 5.900 луѓе. Односно во Црна Гора, стапката на наталитет изнесува 12%, додека стапката на морталитет 9,5%. Веднаш зад неа, од земјите во регионот, според стапката на наталитет е Македонија. Кај нас, стапката на наталитет изнесува 11,2%, но има и висока стапка на умрени, која изнесува 9,3%. Односно, лани во Македонија се родиле 23.100 бебиња, а умреле 19.100 луѓе. Во Словенија, стапката на наталитет и морталитет има блага разлика. Односно таму се уште има повеќе родени од умрени. Или, лани во оваа земја се родиле 21.100 бебиња, а умреле 19,3 лица. Па така, стапката на наталитет во оваа земја изнесува 10,2%, наспроти стапката на морталитет која изнесува 9,4%. Европската статистичка канцеларија измери негативен природен прираст во Србија, Хрватска, Бугарија и Грција. Во овие четири земји од регионот минатата година регистрирани се повеќе умрени лица, од родени бебиња. Во Србија лани се родиле 65.600 бебиња, додека пак умреле 100.300 луѓе. Бројките покажуваат дека природниот прираст во Србија има негативен предзнак, односно има повеќе умрени отколку родени. Или стапката на наталитет изнесува 9,2%, додека пак стапката на умрените изнесува 14,%. Повеќе умрени од родени европската статистика бележи и во Бугарија. Таму, стапката на наталитет изнесува 9,2% , додека стапката на умрените изнесува 14,4% и тоа е највисок измерен процент во цела Европа. Односно, податоците покажуваат дека лани во Бугарија се родиле 66.600 бебиња, а регирстррани се 104.300 умрени лица. Слична е ситуацијата и во Хрватска, каде минатата година имало 39.900 родени  бебиња, додека пак бројот на умрени лица изнесува 50.400. Или, стапката на наталитет изнесува 9,4%, додека 11,8% е стапката на морталитет. Јужниот сосед има најниска стпак на наталитет од земјите во регионот, но исто така има и негативен природен прираст. Односно има повеќе умрени од родени. Во Грција, стапката на наталитет изнесува 8.5%, додека на морталитет  10.2% Односно, кај Јужниот сосед бројот на родени бебиња лани изнесувал 94.100, додека бројот на умрени лица бил 112.100. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД