Црна Гора пред исклучување од европската енергетска мрежа?
Објавено во: Балкан 07 Јуни, 2013
Црногорското Министерство за економија побара од „енергетските субјекти“ во земјата и Комбинатот за алуминиум во Подгорица да се договорат околу начинот за враќање на електричната енергија, која комбинатот нелегално ја користи од европската мрежа.
Овој проблем претставува закана за целосното снабдување со струја на потрошувачите во Црна Гора. Министерството соопшти дека Владата работи на изнаоѓање решение на прашањето за долгорочно снабдување на комбинатот со електрична енергија.
Европскиот комитет за оперативно управување и безбедност на работата на енергетскиот систем и Европската оперативна мрежа претходно побараа од Црна Гора веднаш да започне со враќање на електричната енергија, која комбинатот нелегално ја користел од февруари до мај оваа година од земји во регионот и други членки на европската мрежа.
Двете европски енергетски институции и дадо рок на Црна Гора до 10 јуни да почне со враќање на незаконското користење на струјата. Во спротивно на земјата и се заканува исклучување од европската мрежа, а со тоа може да има и времен прекин на снабдување со струја на сите потрошувачи во државата.
Комбинатот за алуминиум во Подгорица има долгови од над 350 милиони евра
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.