Добивај вести на Viber
Владата на Црна Гора ги усвои новите насоки на макроекономските и фискални политики во следните три години, со кои државата планира да го забрза овој својот економски раст.
Во соопштението од седницата на Владата на Црна Гора се неведува дека во наредните три години ќе се постигне побрз раст на црногорската економија преку ангажирање на локалните потенцијали, особено енергијата и туризмот, како и со умерено зголемување на кредитирањето.
Со цел да се создаде систем на одржливи јавни финансии на среден рок, планирано е намалувањето на процентуалното учество на јавната потрошувачка во БДП, од 37 проценти во 2014 година па се до 34,1 отсто во 2016 година, соопшти црногорската влада.
Оттаму додаваат дека поради рестриктивните политики за управување со расходите, се проценува дека дефицитот на јавниот сектор од 1,9 отсто од БДП во 2013 година ќе треба да се намали во 2014 година на еден процент, во 2015 на 0,8 отсто, за во 2016-та да се намали на околу 0,6 проценти од БДП.
Владата на Црна Гора го усвои Предлог законот за заштита на потрошувачите, кој како што се вели, е усогласен со законодавството на ЕУ во оваа област, а неговото донесување ќе се постигне со значително подобрување на заштитата на потрошувачите на пазарот во Црна Гора. Новите мерки, како што се планира треба да ја направат Црна Гора економски тигар на Балканот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.