17 Декември, 2025
0.0521

Црна Гора во длабок минус – извозот вреден само 200 милиони евра!

Објавено во: Балкан 26 Септември, 2014 10:49

Добивај вести на Viber

Надворешнотрговската размена на Црна Гора во првите осум месеци од годинава, според првичните податоци, изнесува 1,38 милијарди евра. Тоа е пад за 4% во однос на лани, а речиси целосно отпаѓа на увоз - 1,18 милијарди евра. Во овој период Црна Гора увезла најмногу храна и тоа во износ од 264,2 милиони евра. Само за увоз на месо и преработки биле потрошени 79 милиони евра, а за житарици и производи од жито - 36,3 милиони евра, покажаа податоците на црногорската Агенција за статистика МОНСТАТ. Вкупниот извоз од Црна Гора вредел помалку од увозот на храна - 206,1 милиони евра и забележал пад од речиси 20% на годишно ниво. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 17,5% и е пониска од истиот период лани, кога била 21,6%. Главни трговски партнери за извоз биле Србија, Хрватска и Белорусија, додека за увоз - Србија, Грција и Босна и Херцеговина.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни