„ЦРНИ“ ПРОГНОЗИ ЗА БИХ: Во ризик се 10.000 работни места
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2025 20:44
До крајот на 2025 година тешко е да се очекува позитивни промени на пазарот на трудот во Федерацијата на Босна и Херцеговина, а сегашниот број на вработени, динамиката на вработување и општите трендови не влеваат оптимизам, предупредува Адмир Чавалиќ, економски аналитичар и пратеник во федералниот парламент.
Според него, првата причина е што од државниот буџет се трошат над 50 милиони евра за да се зачуваат 70.000 работни места во ФБиХ.
„Критериумите се такви што со отпуштање на еден работник компанијата автоматски го губи правото на компанијата. Замислете каква е оваа помош за компанијата која мора да чува „маргинален работник“, вели Чавалиќ.
Според негово мислење, годинава е пропуштена приликата за вработување во т.н. златни месеци за вработувања во изминатите години (април, мај, јуни и јули). Билансот за вработување во овие месеци е негативен од минус 5.000 работници. Следната година се планира и зголемување на минималната плата во земјата што ќе претставува дополнителен товар за компаниите.
„Во случај да добијат отказ 10 отсто од работниците кои се подржани со субвенции, тоа се дополнителни 7.000 откази“, објави Адмир Чавалиќ, пренесува Радио Сараево.
Се смета дека 10.000 работни места се во ризик.Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




